преземено од http://www.utrinski.mk/?ItemID=4ED72453CC46FC4EBFE2197C60537F0D
МКФ демантира: Докузовски ја остави репрезентацијата на цедило
Отворено писмо на претседателот на македонската кошаркарска федерација Даниел Димевски до некогашниот селектор на црвено-жолтите
По објавените изјави од страна на екс-селекторот во интервјуто за "Утрински весник" како и во останатите пишани и електронски медиуми, со своја реакција се јави и претседателот на МКФ, Даниел Димевски, во која ја изнесува својата верзија на "вистината" поврзана со ангажманот на Докузовски како предводник на сениорскиот тим.
"Искрено се надевав дека се работи лоша интерпретација или пак новинарска шпекулација бидејќи изнесеното апсолутно не одговара на вистината. Од тие причини, оставив 24 часа да слушнам некаков демант од страна на поранешниот селектор. Но бидејќи тоа не се случи, чувствувам потреба да изнесам неколку факти за јавноста дабиде целосно информирана при формирањето на сопственото мислење по ова прашање.
Хронолошки, Докузовски е предложен за селектор лично од мене и директорот Илија Мерџановски во моменти кога тој беше отпуштен од Лукоил, ангажиран во Работнички без плата и редовни примања. Лично верував во неговите тренерски квалитети, па и покрај поделеното мислење на стручната јавност, на мое лично инсистирање тој ја доби селекторската функција.
Подготвителниот период пред ЕП во Литванија беше многу тежок, во кој претрпевме неколку тешки порази и веројатно тој притисок и немањето верба во сопствената екипа придонесе тогашниот селектор да се испокара со добар дел од екипата и раководните луѓе, а најмногу со спортскиот директор Врбица Стефанов, заради што тој тогаш понуди оставка на функцијата селектор.
За голема среќа, јас, кој бев еден од ретките во нормална комуникација со него, успеав да го разубедам и сопствената верба во успех на нашата репрезентација да ја пренесам и на него.
Неизмерно сум благодарен што Докузовски тогаш ме послуша и сите со заеднички сили сложно влеговме во походот на Литванија, кој на крај на сите нас ни ја донесе најголемата спортска среќа што воопшто сме ја доживеале.
По завршување на првенството, сите славја и прослави, на средба со него, Марин Докузовски лично ме замоли, да му дадам малку време да се одмори и да најде соодветен клупски ангажман за финансиски да го капитализира успехот од Литванија. Како и секогаш дотогаш, јас лично му дадов поддршка и ветување дека ќе го чекаме до последен момент додека не најде клуб, со желба и понатаму да остане селектор. Се прашувам, зарем има некој нормален што по таков историски успех не би го задржал селекторот по секоја цена?!
За жал, одговорот и тоа негативен, го слушнав во интервју за бугарски медиум, каде Марин Докузовски на течен бугарски јазик кажа дека е професионалец што живее од кошарка и дека приоритет му е Лукоил, а не репрезентацијата на Македонија.
За да биде уште појасно, Докузовски можеше слободно да биде и тренер во Лукоил и селектор, доколку тоа го сакаше, на крајот на краиштата Лукоил не е Реал Мадрид, а и во конкретниот случај воопшто не правеше проблем за тој да продолжи со селекторската работа во репрезентацијата.
Згора на се, неговото доцно конечно изјаснување дека не сака повеќе да биде селектор, не стави во цајтнот позиција, во време кога требаше да се договараат подготовки, пријателски натпревари и целата програма на репрезентација за летото 2012 и квалификациите за ОИ во Лондон.
Докузовски ја остави на цедило репрезентацијата, играчите кои му ја донесоа најголемата слава, ги остави на цедило луѓето кои многу пати во животот му помогнале и отвориле врата, кои му ја дадоа и оваа шанса, ја остави на цедило кошаркарска Македонија, затоа што не веруваше дека таков успех може да се повтори.
Се обидувавме да најдеме разбирање за таквото однесување на Докузовски, токму затоа не одговаравме на провокациите и изнесувањето на шпекулации и невистини по медиумите и кошаркарските кулоари. И натаму сакавме да му помогнеме, па затоа и во 2012 и во 2013 го кандидиравме за високата државна награда "8 Септември".
За сите оние што не знаат, единствено со кандидатура од матичната федерација може да се влезе во трка за таа награда. Награда, која зад јавното признание за заслугите, носи и солидна доживотна финансиска сума за добитникот, прилично атрактивна за наши услови. Не само што го кандидиравме, туку со целиот свој капацитет се вклучивме во лобирање токму тој да биде добитник на оваа престижна и посакувана награда.
За воља на вистината, мора да се каже дека поранешниот селектор, покрај сите највисоки почести што сите ние ги добивме, вклучувајќи го и величествениот дочек во Скопје како и највисоката награда, "Орден за заслуги за Македонија" добиен лично од Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов, доби и многу солидна финансиска награда во висина од 12.000 евра (околу 9.000 евра од државата и 3.000 евра од МКФ), како и дополнително по околу 5.000 евра годишно доживотно од наградата "8 Септември".
И не е вистина дека Марин Докузовски не е поканет на церемонијата летово на која им дадовме чест и почит на поранешните играчи кошаркари репрезентативци, како и на луѓето кои во минатото беа селектори и повеќе не се занимаваат со тренерска работа. Марин Докузовски беше поканет, како и на секоја манифестација која МКФ ја организира. Докузовски, како и Заре Марковски, не добија признание, затоа што тие не ја завршиле својата тренерска кариера и никој нема право да ги отпише од иднината на кошаркарската репрезентација на Македонија.
Марин Докузовски и натаму ќе биде канет, затоа што тој заслужил со својата тренерска работа и ангажманите во националните репрезентации. Ниту ние, ниту било кое идно раководство на МКФ нема право ниту може да ги избрише неговите заслуги.
Не случајно е одбран овој момент, кога сите сме под импресии и чувствителни од тоа што не остваривме подобар резултат на ЕП во Словенија. Токму заради ваквите ситуации Докузовски не сакаше да биде селектор, за да биде од другата страна. Да може да критикува, а не да биде критикуван, за да се однесува како најумниот човек на светот, советник и аналитичар. За да ги истакне своите заслуги за успех за кој тој е еднакво заслужен, ни помалку ни повеќе, од сите други кои учествуваа во проектот "Евробаскет Литванија 2011".
Мора да се признае дека таквиот избор е секогаш полесен, одошто да го прифатиш предизвикот и да продолжиш напред. Но, таков избор прават луѓе нималку храбри и горди, без верба во себе, соработниците и играчите.
Ние не го одбравме тоа сценарио, играчите исто така. И тие можеа да останат да живеат на ловориките од Литванија. Но тие беа и останаа големи, дојдоа буквално сите и свесни за ризикот, машки го прифатија предизвикот и кој знае по кој пат го оставија срцето на теренот. Без никакви калкулации и размислувања, во обид да ја израдуваат оваа нација. Така размислуваат и се однесуваат вистинските херои.

No comments:
Post a Comment