Tuesday, December 23, 2014

Сите среќни, само Миа Колучи тажна...

Тажна бидејќи Мзт Скопје го избрка младиот бунтовник Пабло Бустаманте.




од минус 20 до плус 1...превртување!!!

Чувството кога губиш 20 разлика на полувреме против тим 15 пати посилен од твојот и на 5 минути на крај кога заводуваш за прв пат...ПРЕВРТУВАЊЕ!!! Не битно што не победи Мзт, битно е што покажа карактер, желба и емоција...за прв пат оваа сезона





Friday, December 12, 2014

Женски фудбал

Вчера се разочарав гледајќи женски фудбал...немаше глумење, немаше расправање со судии, кошкања на прекини, симулирање пенали, неспортски потези....ЕБАТЕ ФУДБАЛОТ

МинусИнфо кој Раул е тоа?

Што ти се викај сајтиште...успеаа да земат интревју од доскорешниот најдобар стрелец во Лигата на Шампионите и тоа за неговото размислување за ракометната утакмица Металург - Вардар....е не ќе се заебааме...ПлусИнфо или МинусИнфо


Амкање на безбол

Го амка ко за Велигден



Wednesday, December 10, 2014

Tuesday, November 25, 2014

И Шуто Оризари има свој Кристијано Роналдо...

...Кристијано Роналдо Ајваз


Харден со школска одбрана

Харден по којзнае кој пат демонстрираше завиден дефанзивен ангажман...ова е тип на одбрана со кој се имаат сретнато сите оние кои тренирале кошарка, и меѓу широките народни маси е позната како СТАЛКА


Thursday, November 6, 2014

Од +30 до -20 и трета лига за 7 минути...само „докторот„ знае како


После долго, долго време се решив да ја извадам машината за куцање од подрум, да ја истресам од прашината и да го истурам гневот на оној очај од кошарка што го игра Мзт Скопје оваа сезона. Така гневен, веќе на 15 разлика имам спремно пцовки, на 20 почна да ми чури главата, на 25 не знам кој повеќе ми е крив, на 30 почнав дури рими да смислувам, поет ќе станувам, ќе ти`бам и Лешоски и јакната му негова, ова што се случува тука е поскандалозно дури од арамилакот на кожната јакна на провинцијалското поетче и тогаш пресврт...место да им се насереме на нашите мртви пувала од играчи и wanna be тренери, гром од ведро небо....да човек просто се збуни, дали може некој да е толку глуп, на добиена утакмица да направиш трет прекин, кој по правило значи празнење на сала, па и покрај тоа курвите близначи предводени од бугарскиот фолирант од доктор, да не сакаат да ја доиграат утакмицата и од тотална доминација и дробење на шампионот, си дозволија да изгубат службено 0:20 и да бидат исфрелни од лига (нормално доколку МКФ доследно ги почитува пропозициите). Еве веќе 4 саати пробувам да најдам грам логика во потезите на тајфата свињетини...


Мзт Скопје...

Ќе си почнам со она што ме боли највеќе, копуците во плави дресови...10 коша за едно полувреме, не се достојни да го носат плаво-белиот дрес, макар и тие 10 поени биле постигнати против Сан Антонио Спарс. Нападот е очаен, цела сезона, спор ко пенис, 20 секундно тапкање у празно секој напад, па некој исфорсиран пик енд рол без ниту една ебана чиста позиција за шут, без ниту една контра или полуконтра цела сезона, екипа составена од зомбиа, без грам емоција и енергија, тренер без искуство и млак ко вода за туширање у лето, и помошник тренер, признаен дефанзивен експерт кој веќе еден тон утакмици во низа успева да им овозможи на противниците чист шут секој нивни ебан напад! Мзт Скопје оваа сезона се бори за слободни позиции во нападот, исто ко и нашите новинари за слободно новинарство....Екипа составена од играчи ко Зивчевиќ, Пабло Бустаманте Маринковиќ кој е еден од наскапо платените играчи во Мзт Скопје, Класен за кого и Мики Деспотовиќ беше класа, па и Лучиќ, кој како гром од ведро небо ја доби улогата на капитен, кој за воља на вистината, заигра во трета четвртина и ако му се брои оваа како добра утакмица, тогаш за сезона и пол во Мзт Скопје, има се на се 4 добри...4 така-така и 30 очајни и на тоа додадени Шеховиќ, Диксон и Дамјан кои пола година не играле официјални утакмици, сва среќа што Мзт не губи и од Водњански Лисици. Талентот Младеновски се кае што наместо да учи, продолжил да игра кошарка, Кире се мачи со Морж... нема играч кој знае да направи блок, нема играч кој знае да избуши, нема играч со харизма, нема лидер....од Пост-Панковски времето, ова е без сомнение најлошата група на играчи собрана, за која дури ни ауто коректот не ми дозволува да ја наречам тим.

Дербито...

Мзт Скопје конечно успеа да ја намали разликата на „достојни„ 16 на 3 минути до крајот на третата четвртина и иако по полувремето играше многу подобро, судиите не му дозволија да се доближи затоа што кога Работнички немаше никаква идеа во нападот, Мицевски и другарчињата го частеа Стојко пенали (гледајте ја снимката на ќе се уверите).

Пресвртот...

Според пропозициите на МКФ, три прекини на една утакмица значи празнење на делот од трибините поради кој се направени тие прекини, без разлика дали се за бомба, плукање, фрлање тврди предмети, националистички скандирања или поздрави и честитки до блиски членови од понежниот пол на одредени официјални лица.

Работнички го надигра Мзт во секое поле на кошаркаската игра, буквално доминираше на теренот и сита ние ќе бевме среќни со достоен пораз кога се случи тотален пресврт.

Имаше два прекина претходно, и третиот прекин, тотално глупо и непотребно, поради фаул во напад на Тодорка, видлив и од Саша Матиќ, навивачите на Работнички почнаа да ги плукаат судиите, по којзнае кој пат. Сите знаат дека Мицевски е чакнат, ама сепак сосема оправдано ја прекина играта, иако сепак мислам дека можеше комотно да се продолжи играта и притоа никој да не се побуни зашто немало прекин. Според сите логички заклучоци, овој прекин требаше да им дојде добро на Работнички кои беа во лоша серија и се мачеа да постигнат кош од игра и притоа да им се одморат курвите близначи кои се во поодминати години и кои тоа темпо ги замори. Кога сите навивачи на Мзт Скопје пцуеа зашто дојде до тој непотребен прекин кога бевме во серија, се случи најнерезонското нешто и можеби најголемиот пресврт во историјата на макбаскетот, Мзт Скопје од -30 во втората четвртина, успеа, по најголемата глупост направена во нашата кошарка, да дојде на крајот до +20, и тоа сосема незаслужено. Имено, по барањето на судиите да се испразни трибината позади кошот каде што беа проблематичните навивачи, а не и цетнралната трибина за чие празнење никој не ја знае причината, свинските преводници на Работнички, Стојко, Маринко и Тодорка

 

одлучија екипата да се „солидаризира„ со навивачите и да не ја продолжат утакмицата, со што автоматски повлекува службен пораз и исфрлање во најнизок ранг на натпреварување. Е јеби га, тоа се случува кога се крстиш во Стојко...

Причината?

Прашањето е кој го посакуваше ова сценарио? „Докторот„ Маринко е познат по своите интриги, лепешкар кој се вивна во облаци дека може да води евролигашки тимови, за по некое време да се сведе на пушење курови по влади и градоначаници да биде тренер на Мзт, и на крај заврши како тренер во најсилната европска лига, Косовската...за неговите пичкарски потези и малверзации, неговите поткупувања судии и влијанија врз одлуки на МКФ, знаат сите инвловлирани во кошарката и може до задутре да се зборува, но не е тоа тема на муабет...сеуште пробувам да сфатам што е позадината на овој негов потег, затоа што не мислам дека до толку му одлетало врапчето за ова да го направи без претходно разработен план

...Дали можеби „докторот„ се исплаши дека е можно да искоцка 30 разлика и наместо да ја доигра спортски утакмицата, реши да се скрие зад навивачите за да не пукне брука дека „детето на Господ„ успеало да изгуби од +30...
...дали можеби поради немање финансиски средства да ги исплатат долговите и да се заврши сезоната, се решија на ваков неспортски чин, со цел да ја префрлат „вината„ на некој друг, а не на нивната неспособност да обезбедат пари за нормално фунцкионирање на клубот...
...дали ова беше еден очајнички обид за да се сокире најголемиот срам за една навивачка група поради неможноста да се зачуваат своите знамиња кои противничката навивачка група во директен дуел на теренот на нежните им ги одзеде, па мислеле дека тоа може да се покрие единствено со уште поголема бламажа...
 

 
... или можеби некоја сосема шеста замисла имале, не знам, но едно знам, дека ова не е туку така направено, туку е изрежирано со некаква цел, затоа што нема нормален човек кој би ги организирал и навивачите на трибините кои не требаше да се празнат, да си одат, со цел да се прикаже дека судиите сакале сите трибини ги испразнат освен трибниата на која беа сместени навивачите на Мзт Скопје....
...Сепак премногу е симптоматично за да биде случајно, секогаш кога Маринко е во лигата се случуваат многу задкулисни и неспортски работи проследени со многу контроверзии

Исходот...

Останува да видиме дали раководството на МКФ ќе постапи по правилата и ќе го исфрли Работнички во трета лига, каде градско дерби ќе прави со Пантери, или по којзнае кој пат, Попот ќе ги заобиколи правилата за да му помогне на својот матичен клуб


Во континуитет, години наназад се провлекуваат неколку прашања кои, иако редовно резултираат со проблеми, никогаш не ја најдоа својата разрешница. Зошто никогаш кога Работнички игра во нивната колиба, нема карти во слободна продажба, и дилемата која ме мачи долги години наназад, зошто секогаш специјалци се распоредени околу навивачката група Family Aeorodrom, а никогаш нема ебан џандар на трибината каде што се нежните? Дали можеби им е страв дека во таа гужва некој можеби ќе посака орално да ги задоволи па затоа се подалеку од нив?

Курвите близначки...
  
Меѓу останато, пар зборови и за курвите близначки...откако се нафатираа и земаа над  пола милион евра од Мзт Скопје, им ги вработија жените и уште мал милион други бенефиции, часна Тодорка доби и испраќање во пензија со сите почести, бидејќи изјави дека на крајот на минатата сезона ќе оди во спортска пензија. Притоа Мзт Скопје му понуди да биде спортски директор, тој побара огромна сума на пари, која Мзт Скопје поради намалениот буџет неможеше да му ја понуди, па со приказната дека бил избркан од Мзт, оди во Работнички при што, исто како и неговата колеша од курвинскиот бизнис, добиваат надокнада станови од спонзорот. Притоа, интересна е работата што двајцата се едни од поборниците кои бараат намалување на бројот на дозволени странци, не поради тоа што помалиот број странци им овозмоќува поголми плати нив, туку за доброто на македонската кошарка, како би можеле македонските играчи да добиваат поголема минутажа...а тие комбинирано имаат цел век у гзовите, и пошто им е дојдено до иднината на македонската кошарка, излегоа од најавените пензии, земаа станови во центарот на Скопје од спонзорот на Работнички, додека нивните млади домашни соиграчи, ниту имаат минутажа ради нив, ниту па земаат плати...е толку се солидарни...и стварно им е до иднината, ама до нивната, финансиска...ги заболе за мак-баскетот

 

Одлуката за повлекувањето на играчите, кај дел од навивачите на Работнички предизвика и напад на епилепсија

UPDATE: Редакицјата на Клизачи се извинува поради пренесените погрешни информации, не бил напад на епилепсија, туку само загревање за денс настап на тајм-аут кој може да се забележи од видеото подоле




Сепак, ова дерби имаше и своја позитивна страна и мора да им се признае за смислата за хумор на навивачите на Работнички
 

На неполни 24 часа по губењето на своите застави, во сред својата штала, во директен дуел со навивачите на Мзт Скопје, тие пееа песна во која ги прашуваат навивачите на Мзт Скопје, кај НИ се заставите

 

На крај, не би знаел какво е чувството да примиш едвај 10 коша во прво полувреме, да водиш 30 разлика и да се повлечеш ко пичка....сме губеле и 50 разлика, не празнеле милион пати, не казнувале, не убивале судии години и години, ама НИКОГАШ, баш НИКОГАШ не сме се повлекле ко пички, сепак, тоа е карактерна особина на еден друг дел од градот.



Thursday, February 13, 2014