Тоа е реакцијата на српска новинарка во Литванија кога ги начекала нашите кошаркари пијани во 4-5 саат сабајле како се бркаат низ хотел по гаќи...е тогаш не, ама сега дефинитивно и ебаа матер на кошарката....
Гледам едно брдо фејсбукаши и остали активни социјалци на глобалната мрежа како викаат дека не треба да се плукаат и критикуваат нашите кошаркари по катастрофалното европско првенство. Прво и многу битно, тие да ја разберат разликата меѓу плукањето и критикувањето, затоа што издржаната критика треба да води кон подобро и не може да се поистовети со плукањето.
Кога докторот стана сестра
И пред да се осврнам на првенствово, осеќам потреба да објаснам неколку работи за нивниот доктор Маринко и неговиот пристап кон репрезентацијата. Пред 2 години на првенството сите во федерацијата очекуваа да имаме неуспех, па дури и попот, самонаречениот вечен оптимист. Но, Маринко направи чудо, чудо кое не се знае дали во нашиот животен век ќе го доживееме повторно. Им ги заќуте устите на попот и остала багра во федерација. Игравме феноменално, на цело првенство немавме лесно примен кош, а во нападот Бо си дупеше кој џандар пред МТВ. Благодарејќи на феноменалниот скаутинг кој ни го дадоа србите, нашите изиграа уште подобро и во втората фаза, и да не беше она гнасното циганче од Барселона кој во третата четвртина погоди неколку тројки и со нога, ќе се вратеа нашите со медал, медал кој со својата игра, пожртвуваност и тимски дух, и те како го заслужија. Во борбата за третото место, немавме среќа, буквално ни се лизна медалот во последната секунда, но и без тој медал, таа (оваа) генерација беше пречекана како што и доликува...како херои. Не само поради успехот на првенството, туку и поради тоа што успеаа да ја сполтат оваа, со векови, поделена нација.
Заврши првенството и со тоа му заврши и договорот на Маринко. Нормално, попот и компанијата од МКФ задоволни од успехот кој си го препишуваа на себе, па да не си го гледал првенството, ќе помислиш дека попот играл место Бо, а десното му раче, место Антиќ, му понудија нов договор на „докторот„ со желба тој да ги води на историскиот квалификациски циклус за Олимписките игри. Ама „докторот„ по враќањето со историскиот успех од Литванија, изјави „треба да си луд да се нафатиш да ја водиш репрезентацијата по таквиот успех, затоа што ова ни се случува еднаш во 100 години и дека не постои тренер на светот кој може да го повтори тој успех. Е, тој ваш „доктор„ тогаш стана сестра и затоа немојте да го величите затоа што тој е оној кој не сакаше да се обиде да не носи на Олимпијада, тој е оној кој играше на сигурно, знаејќи дека засекогаш ќе биде запаметен како најуспешниот селектор. Неспорно е дека со него на чело, наместо оној неписмењакот Лаки Мазовски, многу веројатно ќе се пласиравме на Олимпијадата и дека со него сигурно ќе ја поминевме бар првава фаза на ова првенство....ама тој има пичкарски менталитет, игра на сигурно, така да преку кур од вашите барања да се врати и сфатете еднаш за секогаш, тој докотор можеби го донесе најголемиот успех на македонската кошарка, но тој доктор е СЕСТРА сега, пичка, не остави кога ни требаше уште повеќе. Оставете го сега да се сити на нашите неуспеси, не го барајте, нема да се врати.
Еуробаскет 2013
За разлика од претходните години, ова првенство го немавме Врбица, кој изолиран од попот и компанијата, се повлече од позицијата директор на репрезентацијата, па логички повлече и дел од позитивната атмосфера, а верувам дека и Бенкардино напушти заради него. Пипан самоуверено се нафати да ги припрема физички играчите за ова првенство. Базата на висинските подготовки беше во Сектор, Привилиџ Клуб и Балет. Револуционерната тактика наместо суви тренинзи, нашите имаа и тек како течни тренинзи. Вотка, виски, пиво....тронеделните секојдневни тренинзи ги спремија нашите репрезентативци да се носат и со великаните како Тони Адамс, Пол Гаскоњ и Пол Мерсон. На социјаните медиуми катадневно излагуваа слики од нив од дискотеките. Мислам дека повеќе слики излегоа од Перо и Бо во диско, него што Бар Рафели, Алесандра Амброзио и Аделина Тахири имаат заедно на Инстаграм. Таквите припреми си ја земаа својата акциза...акциза поради која нашиве изгледаа спремни ко кадетски тим во споредба со останататите селекции.
Покрај течните подготовки, еден од најбитните фактори за овојнеуспех е Алеш Пипан. Словенецот се нафати да ја води оваа селекција со цел да си ја зголеми цената по евентуалниот успех на првенствово, ама претходно си ги оствари сонот и потпиша за Унион Олимпија, па го болеше кур за нашата репрезентација. Во Мзт остави добар впечаток, ама не било толку тешко да го направиш тоа со повампирени Тоше и Станко и со Дамјан во врв на форма. Кога ќе се додаде и дека сите акции во нападот ги наследил од Ацо Тодоров испаѓа дека не бил толку добар стручњак како што навидум изгледаше. Дефинитивно остави впечаток дека што побрзо сака да си отиде во Љубљана и да си ја спреми Унион Олимпија за следната сезона. Најтрагично од се, по поразот од Босна кажува дека сме потфрлиле во одбрана, а нападот му беше добар, а ние цели 50 коша дадовме.
Дека постоеше желба кај нашите кошаркари, постоеше, но фактот дека беа неспремни не може никој да го побие. Перо Антиќ и Илиевски имаа дури и подобро првенство од она во Литванија, но прво судиите ни ја земаа победата против Црна Гора (иако си водевме 7 коша на 2 мин до крај, и дозволивме да ја пропуштиме) па потоа и Хулк да ни се повреди што и те како влијаеше на нашата игра. Но, впечатокот останува, дека она што го видовме, беше далеку под можностите на нашите херои.
Фактот дека игравме ракомет наместо кошарка останува. Нашите високи играчи беа повеќе надвор од 6.75 него што беа внатре. Влијанието на словенецот на повеќе наврати во видовнме и на тајмаутите, он збори едно, Илиевски друго, Тоше трето, Антиќ и Чековски сосема петто. На моменти не се ни знаеше кој уствари ни беше селектор. Имаше и ситуација каде Илиевски му покажуваше дека е време за тајм аут.... И на крај тој Пипан, ќе зема 14.000 евра месечна плата во Унион Олимпија. А таму кој ќе му го води тајмаутот кога нема ниеден постар од 27 години? Ќе го враќа Јака Лаковиќ?
Заслужија да бидат испратени во пензија со аплауз, несомнено, но дефинитивно нивниот настап на ова првенство не заслужи аплауз, туку свирежи. Игравме на можеби најслабото првенство во историјата, отидовме комплетни, ни најавуваа медал, а сите ние ќе бевме задоволни бар првите групи да ги поминеме...иако знаеме дека сме способни и за многу повеќе, но останавме со курот во рака и наместо да гледаме врвна кошарка, каде што и треба да сме со оглед на талентот кој го поседуваше оваа генерација, останавме на Солзите на мојата ќерка и Малечката невеста.
Индивидуална оценка
Тоше, срцето и душата на репрезентацијата последниве 10 години. Едвај го натераа да се врати од пензија, и да, имаше многу лошо првенство, но кога би се собирало и одземало што се има напревено за оваа репрезентација никој не може да каже лош збор за дечкото. Некогаш давал 100% од себе, а кога не давал 100%, давал 110%, 120%..... играл со скршен нос, пукната рака, бушаво репче и никогаш не се штедел на терен. На минатото првенство кога скрши рака, барал да игра и кога докоторот му рекол, како бе ќе играш со скршена рака, рекол, е добро де, имам уште една. Капа доле легендо, можат курот да ти го јадат. Не можам да ја замислам нашата репрезентација без тебе.
Перо Антиќ - уште еден шампион во течни тренинзи, но за перфромансот на првенствово, како и за залагањето не може да му се каже збор. Еден од ретките кои играа на потребното ниво. Се гледаме на Спортклуб од следната сезона. Се најдобро.
Бошко - ни бледа сенка од она што беше, дали неспремен, дали повреден или мамурен, не е битно, останува фактот дека играч како него којзнае кога пак ќе имаме чест да видиме во црвено-жолтиот дрес. Играше за Македонија ко да прадедо му се борел со Питу Гули на Мечкин Камен. Најдобриот играч кој сум го гледал во живо.
Станко - Хулк имаше своја втора младост минатава сезона. Посилен од кога било, попрецизен од кога било. После селекторот Пипан, најголемиот хендикеп на првенствово беше неговата повреда.
Илиевски - изигра одлично, смирено, сталожено, ефикасно. После Атниќ, вториот играч кој си изигра на своето ниво.
Самарџиски - мислам дека сеуште никој не може да сфати како може толку да е млак и да прави толку нерезонски потези. Со него една работа е сигурна, ако го оставиш во игра цели три минути, ќе направи 5 фаули. Пола утнат зицер - пола лична грешка - тоа е нашиот центар.
Близнаците - Војдан потфрли ова првенство иако имавме големи очекувања од него. Дамјан изигра феноменално првите утакмици, но после Србија како да го фати вирусот од брат му. 1/15 шут против Босна за нашите најдобри шутери е недозволиво.
Брчков - за минутите што ги доби, се покажа одлично. Одличен физикус, штета што не порасна бар до 2.05. Ќе имавме класа играч во него. Но, и кај него беше очигледно дека не беше најдобро спремен.
Костовски - не треба да се суди по петте минути што ги изигра, но за него се зборуваше дека е смирен, со одлична прегледност. За петте минути со Летонија, го демантираше сето тоа. Е јеби га, не е ова Куманово и БИБЛ Лига. Уште не можам да се помирам со фактот дека ќе треба да гогледам како прв плеј во Мзт. Тешко нас.
Иднината
Сите познавачи на кошарката знаат дека сега почнуваат црните денови за репрезентативната кошарка. Без Антиќ, МекКејлеб, Тоше, Владо и Станко, остануваме на Костовски, Самарџиски и близнаците кои ќе морат да се вратат во нивната форма за да имаме какви-такви шанси видиме некое друго европско првенство. Време е Магдевски и Николов да се прекомандаат во А селекцијата и да почнат да стекнуваат сениорско искуство. Но, иднината на мак-баскетот не е сјајна. Нашите млади селекции завршуваат на 48 од 49 екипи во Европа, ниедна селекција не ни е во А дивизија, додека за спроедба една Летонија, која секогаш сме ја гледале како екипа која стално ќе биде послаба од нас, е во првите 4 екипи во Европа во првенствата во генерацииите под 20, под 18 и под 16 години. Редно време е попот да преземе одговорност и да ја среди прво домашната лига, а не секоја година да имаме нерегулани првенства каде се откажува минимум по една екипа, да почне да се работи квалитетно со младите играчи, а не да отвара школи кој стигне и да се буткаат играчи во репрезентации затоа што биле синови на спонзори или презентери на вести на Сител. Ова ни беше последната надеж да се израдуваме уште еднаш, и затоа простете ми ако не се слагам со вас и да се помирувам со испаѓањето во првата фаза, кога знам дека можевме многу повеќе, но ужасно потфрливме и ако не се слагате со мене, искрено ме заболе курот...додека вие сте задоволни со медиокритет, јас знам дека можевме многу подобро, но ете ја усраа работата, пиеа и во Литванија, пиеа и тука, ама таму бар беа физички спремни и не ги водеше селектор кој едвај чекаше да си оди во новиот клуб, кој го заболе за репрезентацијата и кој отиде на првенствово со мотото, Нема да го повториме успехот од претходното првенство. Селекторе, да ти го тури цела ова анација, која ретко има шанси да се радува, а тебе кур те заболе.
А ти Попе, донесе правило да играат деца под 20 години цело прво полувреме во домшаното првенство, првата година од тоа правило, тие деца завршија на 48мо место од 49 екипи во Европа, додека оваа година не пријавивте селекција за тоа првенство. Дали имате поима како се води некој спорт или таму сте за сликање ако има некој успех, коњи едни неписмени. Наместо на успехот од Литванија ние да градиме подобра иднина, вие ја закопувате кошарката. Сва среќа што конечно еден тим излезе да игра надвор од Македонија (секако најмалку по ваша заслуга), па бар таа надеж ни остана. Со вакво раководство, за 5 години можеби ни домашна лига нема да имаме. Редно време е да си фатите богослужбата и да ја оставите кошарката на некој што ја разбира и што сака да напредува. МРШ!
Можеби не се експерти, но верувам дека многу луѓе се согласуваат со нив...еве дел од мислењето на твитерџиите во последните два дена од првенството:
најкорисен совет од Пипан; Коа ќе се пакуете, пазете да не заборавите нешто. #makbasket— Бобо П. (@bprodanov) September 8, 2013
— Cene (@Ce_ne) September 9, 2013
#макбаскет ; #makbasket Слика од македонските кошаркари за време на Европското првенство. pic.twitter.com/mzT3IZaDxH— Amanbe.mk (@amanbemk) September 9, 2013
Во новата група Србија ќе пренесе 4, Летонија 3, Литванија 2 поени, а Самарџиски 5 лични грешки #макбаскет #makbasket— Иво | NV.mk (@thacasper) September 9, 2013
И што? Играа ко телиња, а пиеле ко волови... А? :Д #makbasket— Vladimir Barlakoski (@vBarlakoski) September 9, 2013
Од мало да се соберевме боље ќе изигравме #makbasket #макбаскет— Ivan Adji-Krstev (@IvanAdjiKrstev) September 9, 2013
Да немавме квалитет, оптаѓањево ќе беше океј. Финтата е што имаме квалитет, но отпаднавме, заради самите себеси. #makbasket— Дрого (@ElNinho__) September 9, 2013
— Ivan (@nasty_talk) September 9, 2013
Go home Macedonians, you're drunk #makbasket— Goce (@goce95) September 9, 2013
од 6, 6 да одеа пак ќе испадневме #makbasket— Laze Serafimov (@LSerafimov) September 9, 2013
Добро е што немаме иднина во #makbasket бар нема да се нервираме— Џики (@DzikiKikiriki) September 9, 2013
Со ваква игра ни на Параолимпијадата не може да се пласираме #makbasket— FluffyThePedofile (@DusanStojanov1) September 9, 2013
Од шут за 3 си патиме ... #макбаскет #makbasket— Cene (@Ce_ne) September 9, 2013
Рекоа „живели„ и го посраа првенството! #makbasket— It is I, LeClerc (@Crna_Guja) September 8, 2013
— bojan dimitrievski (@dbojan) September 8, 2013
Самарџиски...пола зицер промашување,пола лична грешка! #makbasket— Ацко ( Љубам цицки) (@alexangel5) September 8, 2013
Се воздржував цело време,ама сега јавно признавам: Не постои понеинтелегентен играч од нашиот Пеџа на овој Евробаскет! #макбаскет #makbasket— Realm Defender (@ZoonPolitikonMK) September 8, 2013
Очаjна игра на кошаркарите. Немоjте судиите пак криви.#Makbasket— Cvet (@CeCe_T) September 8, 2013
Нашиве вчера место ден за одмор, имале ден за пиење... #makbasket— Тони (@NedelkovskiA) September 8, 2013
Ова се само твитови од последните два
дена...Твитовите против Гечевски не ги ставам, затоа што, човекот сам си рече
дека неможе повеќе да игра и иако се согласувам дека играше многу лошо,
памтењето не ми е толку кратко и сеуште се сеќавам што се има дадено за оваа
репрезентација.
Сепак ранетиот лав, на крај, за жал, им
подлегна на повредите.
ПС Педерчиња, пред да почнете да ме пцуете за докторот или сестрата, распрашајте се дали било така или не, немојте на празно да кажувате гачки....уствари пцујте бе, што ве ебам
А си мислев дека само јас така размислував за Докузовски :) Браво за текстов!
ReplyDeleteИ јас мислев улав ќе ме направат кога ќе речам дека главната вина е во Марин за овој и претходниот неуспех. Испадна дека воопшто не ни планирал да завршиме 4ти, ама му се посреќило, па си се тргна за да го памтат по добро. Имаше едно интервју со него на радио уште во текот на првенството во Литванија кајшто коса ми се крена од работите што ги кажа и после тоа многу логично беше дека ќе направи се за да не испадне дека си отишол туку дека го избркале или не му понудиле доволно пари или што и да е. И еве сега кошаркарите го собираат срамот, а него го прогласуваат за херој, доживотни пензии му даваат, кај и да е и статуа ќе му никне. Кога кошаркариве почнаа да најавуваат пензија сите им рипнавме дека ќе ја предадат нацијата, а се почна кога се пензионираше овој. Него не го р’чнавме. Браво за текстов!
DeleteCitam i se cudam Marin kriv na site za se, za sto kriv za toa sto ne bese tamu (ustvari bese si plati karta i otide da ja bodri reprezentacijata - respect za toa)ali ima ovde mnogu pametni pa ja ostavil mu se poskrekilo bile site vo forma togas, a od druga strana sega stanko drobel so tose, a bliznak bil vo top forma. epa kaj e formata ili ne razbiram podobro igraat koga ne se vo forma. ali mora da e kriv nekoj pa ajde da udriime po Marin zatoa sto napravi edna reprezentacija koja bese pocituvana od site i koja napravi useh koj daj boze da se go doziveam pak. PS Kolku go pocituvaat Marin se vide i na 20 godini od prvata utakmica - samo mu go utnaa brojot na dresot sto go nosese. A kosarkatite kakvi se takvi se nasi se drugi nemame.
DeleteНе пријателе, грешно си разбрал. Маринко да беше ќе беше друга песна. Направие успех кој никој никогаш нема да го повтори. Делот за него беше само заради оние кои го ставаа на профил слилки на фејсбук и цело првенство збореа како тој требало да биде. Да, требаше...ама не сакаше, ни тој, ни МКФ....таа е таа приказна
DeleteSi omeknal
ReplyDeleteThis comment has been removed by the author.
ReplyDeleteСрамота е било што да зборувате за Марин, ако не ги знаете внатрешните случувања и проблеми со КФМ. Ако Врбица имаше причини да замине, Марин имаше 100 повеќе...
ReplyDeleteKako prvo ti treba da si ja proverish informacijata za doktorot ili sestrata kako ti shto vikas. Dogovor mu beshe ponuden vo 12 i 5 min koga covekot si dobi angazman vo ekipa, a gore spomenatiot Pop cekase duri 2 - 3 meseci za da mu ponudi dogovor.
ReplyDeleteMoze li ova da se objavi na maktel.mk? pozz
ReplyDeleteНе
DeleteJa su direktno involviran i znam deka e vo pravo za marin...taka napravi i so rabotnicki go pustase marce da napravi los rezultat pa se vrakase da go spasuva klubot setete se malce.i cisto da go znaete ova kako informacija toj Marin mu ima predlozeno na Zernovski za da go izbegne dolgotod prethodnata uprava go stavi klubot pod stecaj i pocne da se natprevaruva vo treta liga samo da ne se isplatat dolgovite...toa e doktorot koj go saka rabotnicki i na kogo mu e vo srce rabotnicki a e vo sostojba da go odnese timot vo treta liga samobon da bi lapal pari.i on e toj koj go saka rabotnicki a zivee vo kuka koja mu ja izgradi Mzt
ReplyDeleteFan na rabotnicki
i jas imam slusnato za ova so predlogot na zernovski
DeleteSRAM DA MU E MAMETO DA MU GO EBAM DEBARSKO!!!koga ke napravime retrospektiva on go dovede klubot do sranja koi posle toa vmrovcite gi perea pa na kraj i oni zabrljaa!!!pa uste sakal da se vrati sega i on da bide trener.sakal u treta liga da go nosi timot posto samo tamu moze da bide glaven..edno e sigurno DA BESE MARIN DOBAR TRENER KE NAJDESE EXTRA ANGAZMAN POSLE EVROPSKOTO KOGA BEVME CETVRTI A ON NEMASE KLUB CELA GODINA!!!
Можеме да јадеме гомна до 101 и назад ама се што се случува после Марин е тонење, паѓање, порази, недисциплина, неуспех... овците се тие, овчарите се мањаваа, “млеко“ ни за лек. Марин си отиде зошто го болеше рамото од многу тапшање...(ова се зборови на брат му Зоран) КФМ си имаше други “приоритети“ и затоа се отиде у курац. Марин не игра на сигурно и не бара милионски договори, па луѓе Марин освојуваше титули со Годел кога немаа пари за леб а МЗТ можеше да купи кој сака (БТВ навивам за МЗТ). Рибата знаеме добро од кај смрди- главата/попот. Иако изгледаше дека е се розево во Литванија- не беше. Марин имаше страшни притисоци од главата и мешање во работата и да не беше така може ќе направеа повеќе и во Литванија а за Словенија и да не зборувам. На крај крајава и не е се до Пипан, срамота и за играчите што дозволија да им се случи еден ваков егзодус изгледаа како усрани голуби, таквата немоќ, безидејност, недисциплина, дефокус итн. итн. беше жалосна за гледање.
DeleteМАРИН ЈАСНО КАЖА ВО ИНТЕРВЈУ ДЕКА НЕ БЕШЕ ПОВИКАН И ДЕКА МНОГУ БРЗО ПОСЛЕ ВРАКАЊЕТО, ГО ЗАБОРАВИЈА НЕГОЕШЕ МНОГУ ВОТО ИМЕ..бПОВРЕДЕН, СЕКАКО ДЕКА ДЕЛ ОД НЕГО БИЛ СВЕСЕН ЗА ОВА ШТО ГО КАЖУВАШ,НО РАБОТИТЕ НЕ СЕ БАШ ТАКА ЕДНОСТАВНИ..
ReplyDeleteDECKO Marin toa sto go kazuva vo intervju e 95 posto laga ne veruvaj mng vo intervjua!
DeleteA treba tebe da ti veruvame ????/
DeleteA be i toj doktorot pojma nema ,seta rabota vo litvanija ja zavrsi vrba i sandro ,da bese dokuzovski jak strateg ce bese trener nekade u golema ekipa a ne celo vreme ceka na zadnja vrata u rabotnicki ....
ReplyDeletemi se dopaga statijava samo izjavata deka pe3ro antic izigral na nivo nekako ne mi e na mesto. kako prvo toj ne smee da bide kapiten posto ne znae da gi motivira igracite a znae dobro da gi demotivira. tipot izigrava nekoa zvezda vo reprezentacijata.
ReplyDelete1. Попот арно ја водеше федерацијата, заредивме со настапи на ЕП, ама направи и грешки. Споредете го само со некои претходни претседатели, Гајдаџиев на пример. Во негово време не игравмени квалификации заради х причини.
ReplyDelete2. Докузовски колку шо знам побарал малку повеќе пари за да го продолжи договорот, пари кои дефинитивно ги заслужи, ама попот плаќа само за странски полуписмени тренери.
3. Луѓе како Марин, Брба, Бо и Бенкардино треба да се молат да останат во тимот, нашиве сите сили ги насочија кон тоа Тодор да го вратат, го ставија во непријатна ситуација, а се виде дека не е физички спремен за настап освен за епизодна улога. Пипан го оставаше по 30 минути на терен шо беше премногу.
4. Нема подобар тренер од тренер кој ги знае своите кошаркари од секој аспект - знае како размислуваат, колку можат да скокнат, колку минути да изиграат, може ли да се мотивираат после 3-4 промашени шута итн., а таков тренер беше Марин. Знаеше колку може Тодор, знаеше да ги ротира играчите и да извади максимум, а Пипан забораваше да направи измена. Не зеде во предвид дека во клубовите играат по 10-25 минути, а овде играа над 30 (Гечевски и Илиевски пред се).
5. Гледајте како газат репрезентациите од нашата група, значи сме имале и тешка група, немаше кај нас топовска храна како Шведска или Полска. Во која било друга група да бевме убеден сум дека ќе поминевме и покрај се.
6. За иднината само 2 збора - немаме иднина.
друже, супер ти е текстов, само не знам зошто си се фатил толку за Докузовски, тоа ти е веќе минато.....мислам, неспорен е моментот со тоа дека човекот си сакал да го памтат како победник, и веројарно си во право кога викаш дека има "пичкарски менталитет" ама не можеме да бидеме сигурни ниту дека ако тој беше селектор на ова првенство, ќе се случеше нешто подобро од ова....друго, не сум кошаркарски тренер, ама барем ако малку подолго пратиш спорт (кошарка и фудбал пред се), тогаш ќе сфатиш дека ние уствари игравме добро само кога другите ни дозволуваа (читај Србија) и она што мене ми сметаше беше што од авион се гледаше дека ние немавме контратактика на ниту еден натпревар....и последно и најстрашно е дека, никој поврзан со кошарката кај нас, нема ама никаква појма што и како понатаму....секое добро :)
ReplyDeletevrska nemam sto se desava vo i nadovr od KFM. baska ne veruvam vo moabeti za marin, za vrba, za popot, za doktorot. iskreno ne me ni interesira ama mozam da zboram za toa sto go gledav na TV za kosarkarite i trenerot. za poedinecnava analiza na igracite treba malku poveke vreme ama da se napravi analiza na celiot tim e sosem ednostavno vo denesno vreme so internet.
ReplyDeletehttp://www.eurobasket2013.org/
http://www.eurobasket2011.com/
litvanija 2011 slovenija 2013
points per game 70.1 71.2
points allowed 68.3 73.8
3pt % 29.5 28.8
free throws % 78.2 74.5
total rebounds% 34.5 35.8
assists % 11.5 10.2
steals % 8.2 5.6
turnover % 9.9 13.0
blocks % 1.8 1.2
ocigledno e deka ova evropsko drasticna razlika imavme vo
- izgubenite topki(turnover). na sekoj natprevar vo prosek po 3 napadi poveke za protivnicite
- ukradenite topki(steals). na sekoj natprevar vo prosek po 3 napadi pomalku za nas.
- poslaba realizacija na slobodnite frlanja(free throws)
- poslaba odbrana(points allowed)
epten e jasno
ebati nacijata, prvi ste za jadenje gomna. site vidovme i kolku se losi i kolku se drva i se toa. samo ne znam sto vi olesnuva toa sto ke izedete gomna vaka javno. sramota. samo cekate nekoj seir
ReplyDeleteod prv do posleden zbor ima covekov pravo sledno evropsko ovoj so go pisuval bolje selektor da bide nego pipan da mu seram u usta brw care mn. dobar tekst pozz :D
ReplyDeleteДа, бе па после за мене да си пишувам ваков текст? :)) Си има стручњаци кај нас квалитетни, јас лично би го сакал Боби Митев, ја има кошарката во малиот прст. Се надевам дека ќе го видиме како слекетор во скоро време
DeleteBobi Mitev e TOP predlog, imam igrano basket, studirano, druzeno so covekot,
ReplyDeletemislam deka e OK
Sekoja cest za tekstov...Pogolemi poznavanja ima od selektorot nas!!Bravo care
ReplyDeleteНе те разбирам? Марин 2 год не е у репрезентација и он е крив??? Наредно европско ќе бидат Владо, Перо, Ѓорѓи и Тоше криви??? НЕ лупај за доктори и сестри. Секој паметен тренер после огромен успех дава оставка и што има тука спорно. Ај и Врба кривец да го прогласиме. И да ќе те пцујам пошто си сељак неписмен. ПИЧКА ТИ МАТЕР.
ReplyDeleteИ кој е неписмен сега сељандуро една? Прочитај прво, ако не разбираш прашај, не е срамота да се праша ако не се разбира, срамота е да се правиш дека си разбрал, а да си дибек ко што си. Епа спорното е да не го барате и да не му го пушите курот ко што го правите тоа, и ако беше доволно писмен ќе прочиташе дека Пипан е според мене најголемиот виновник...И на мајка ти у сред пичка, фала пријатно
DeleteБеа херои а го сведоа имиџот на пијани курајбери облечени во дресови со знамето на мојата држава. Криво ми е, зошто знам дека можеа, ооо и тоа како можеа многу повеќе од ова. Испадна дека Тоше го вратија само за да цуцаат гага кавадаречка препеченица. „Леле леле што направивме???“
ReplyDeleteСупер ти е колумната, само за Докузовски не си у право, едноставно се работи за погрешна информација. Значи мора да ги тргнеш на страна тие предрасуди кои ги имаш кон тренерот на златната генерација, а кои доаѓаат од тие за мене несфатливи средношколски и детски дрндања МЗТ вс. РАботнички. Се работи за ФАКТИ. МКФ му понуди нов дил на Марин преку телефон (!), на 6-ти Јануари 2012та, точно еден ден откако беше објавено дека Марин потпишал со бугарскиот клуб. Тоа беше типична алиби понуда, колку да се исперат, да не ги пердашиме дека не мѕ понудиле на Марин. Човекот ги чекаше без договор, без плата, 4 месеци по Литванија. Не го повикаа.
ReplyDeleteЗа жал не е погрешна...не ги оправдувам дебилите од МКФ, тие ми се најлоши од сите. А како тоа 10 други тренери водат и клуб и репрезентација, само нашиот докотор не можел или не сакал. Како и да е тие од МКФ на клоци треба да летаат
ReplyDelete