Monday, September 16, 2013

Потврда и од МКФ за Маринко

За сите оние кои без факти и докази драпаа мадиња, еве и МКФ излезе со соопштение во врска со она што го тврдев дека докоторот станал сестра:

преземено од http://www.utrinski.mk/?ItemID=4ED72453CC46FC4EBFE2197C60537F0D

МКФ демантира: Докузовски ја остави репрезентацијата на цедило
Отворено писмо на претседателот на македонската кошаркарска федерација Даниел Димевски до некогашниот селектор на црвено-жолтите
По објавените изјави од страна на екс-селекторот во интервјуто за "Утрински весник" како и во останатите пишани и електронски медиуми, со своја реакција се јави и претседателот на МКФ, Даниел Димевски, во која ја изнесува својата верзија на "вистината" поврзана со ангажманот на Докузовски како предводник на сениорскиот тим.

"Искрено се надевав дека се работи лоша интерпретација или пак новинарска шпекулација бидејќи изнесеното апсолутно не одговара на вистината. Од тие причини, оставив 24 часа да слушнам некаков демант од страна на поранешниот селектор. Но бидејќи тоа не се случи, чувствувам потреба да изнесам неколку факти за јавноста дабиде целосно информирана при формирањето на сопственото мислење по ова прашање.

Хронолошки, Докузовски е предложен за селектор лично од мене и директорот Илија Мерџановски во моменти кога тој беше отпуштен од Лукоил, ангажиран во Работнички без плата и редовни примања. Лично верував во неговите тренерски квалитети, па и покрај поделеното мислење на стручната јавност, на мое лично инсистирање тој ја доби селекторската функција.

Подготвителниот период пред ЕП во Литванија беше многу тежок, во кој претрпевме неколку тешки порази и веројатно тој притисок и немањето верба во сопствената екипа придонесе тогашниот селектор да се испокара со добар дел од екипата и раководните луѓе, а најмногу со спортскиот директор Врбица Стефанов, заради што тој тогаш понуди оставка на функцијата селектор.

За голема среќа, јас, кој бев еден од ретките во нормална комуникација со него, успеав да го разубедам и сопствената верба во успех на нашата репрезентација да ја пренесам и на него.

Неизмерно сум благодарен што Докузовски тогаш ме послуша и сите со заеднички сили сложно влеговме во походот на Литванија, кој на крај на сите нас ни ја донесе најголемата спортска среќа што воопшто сме ја доживеале.

По завршување на првенството, сите славја и прослави, на средба со него, Марин Докузовски лично ме замоли, да му дадам малку време да се одмори и да најде соодветен клупски ангажман за финансиски да го капитализира успехот од Литванија. Како и секогаш дотогаш, јас лично му дадов поддршка и ветување дека ќе го чекаме до последен момент додека не најде клуб, со желба и понатаму да остане селектор. Се прашувам, зарем има некој нормален што по таков историски успех не би го задржал селекторот по секоја цена?!

За жал, одговорот и тоа негативен, го слушнав во интервју за бугарски медиум, каде Марин Докузовски на течен бугарски јазик кажа дека е професионалец што живее од кошарка и дека приоритет му е Лукоил, а не репрезентацијата на Македонија.

За да биде уште појасно, Докузовски можеше слободно да биде и тренер во Лукоил и селектор, доколку тоа го сакаше, на крајот на краиштата Лукоил не е Реал Мадрид, а и во конкретниот случај воопшто не правеше проблем за тој да продолжи со селекторската работа во репрезентацијата.

Згора на се, неговото доцно конечно изјаснување дека не сака повеќе да биде селектор, не стави во цајтнот позиција, во време кога требаше да се договараат подготовки, пријателски натпревари и целата програма на репрезентација за летото 2012 и квалификациите за ОИ во Лондон.

Докузовски ја остави на цедило репрезентацијата, играчите кои му ја донесоа најголемата слава, ги остави на цедило луѓето кои многу пати во животот му помогнале и отвориле врата, кои му ја дадоа и оваа шанса, ја остави на цедило кошаркарска Македонија, затоа што не веруваше дека таков успех може да се повтори.

Се обидувавме да најдеме разбирање за таквото однесување на Докузовски, токму затоа не одговаравме на провокациите и изнесувањето на шпекулации и невистини по медиумите и кошаркарските кулоари. И натаму сакавме да му помогнеме, па затоа и во 2012 и во 2013 го кандидиравме за високата државна награда "8 Септември".

За сите оние што не знаат, единствено со кандидатура од матичната федерација може да се влезе во трка за таа награда. Награда, која зад јавното признание за заслугите, носи и солидна доживотна финансиска сума за добитникот, прилично атрактивна за наши услови. Не само што го кандидиравме, туку со целиот свој капацитет се вклучивме во лобирање токму тој да биде добитник на оваа престижна и посакувана награда.

За воља на вистината, мора да се каже дека поранешниот селектор, покрај сите највисоки почести што сите ние ги добивме, вклучувајќи го и величествениот дочек во Скопје како и највисоката награда, "Орден за заслуги за Македонија" добиен лично од Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов, доби и многу солидна финансиска награда во висина од 12.000 евра (околу 9.000 евра од државата и 3.000 евра од МКФ), како и дополнително по околу 5.000 евра годишно доживотно од наградата "8 Септември".

И не е вистина дека Марин Докузовски не е поканет на церемонијата летово на која им дадовме чест и почит на поранешните играчи кошаркари репрезентативци, како и на луѓето кои во минатото беа селектори и повеќе не се занимаваат со тренерска работа. Марин Докузовски беше поканет, како и на секоја манифестација која МКФ ја организира. Докузовски, како и Заре Марковски, не добија признание, затоа што тие не ја завршиле својата тренерска кариера и никој нема право да ги отпише од иднината на кошаркарската репрезентација на Македонија.

Марин Докузовски и натаму ќе биде канет, затоа што тој заслужил со својата тренерска работа и ангажманите во националните репрезентации. Ниту ние, ниту било кое идно раководство на МКФ нема право ниту може да ги избрише неговите заслуги.

Не случајно е одбран овој момент, кога сите сме под импресии и чувствителни од тоа што не остваривме подобар резултат на ЕП во Словенија. Токму заради ваквите ситуации Докузовски не сакаше да биде селектор, за да биде од другата страна. Да може да критикува, а не да биде критикуван, за да се однесува како најумниот човек на светот, советник и аналитичар. За да ги истакне своите заслуги за успех за кој тој е еднакво заслужен, ни помалку ни повеќе, од сите други кои учествуваа во проектот "Евробаскет Литванија 2011".

Мора да се признае дека таквиот избор е секогаш полесен, одошто да го прифатиш предизвикот и да продолжиш напред. Но, таков избор прават луѓе нималку храбри и горди, без верба во себе, соработниците и играчите.

Ние не го одбравме тоа сценарио, играчите исто така. И тие можеа да останат да живеат на ловориките од Литванија. Но тие беа и останаа големи, дојдоа буквално сите и свесни за ризикот, машки го прифатија предизвикот и кој знае по кој пат го оставија срцето на теренот. Без никакви калкулации и размислувања, во обид да ја израдуваат оваа нација. Така размислуваат и се однесуваат вистинските херои.

Wednesday, September 11, 2013

Македонци....јебали сте матер кошарци


Тоа е реакцијата на српска новинарка во Литванија кога ги начекала нашите кошаркари пијани во 4-5 саат сабајле како се бркаат низ хотел по гаќи...е тогаш не, ама сега дефинитивно и ебаа матер на кошарката....

Гледам едно брдо фејсбукаши и остали активни социјалци на глобалната мрежа како викаат дека не треба да се плукаат и критикуваат нашите кошаркари по катастрофалното европско првенство. Прво и многу битно, тие да ја разберат разликата меѓу плукањето и критикувањето, затоа што издржаната критика треба да води кон подобро и не може да се поистовети со плукањето.

Кога докторот стана сестра


И пред да се осврнам на првенствово, осеќам потреба да објаснам неколку работи за нивниот доктор Маринко и неговиот пристап кон репрезентацијата. Пред 2 години на првенството сите во федерацијата очекуваа да имаме неуспех, па дури и попот, самонаречениот вечен оптимист. Но, Маринко направи чудо, чудо кое не се знае дали во нашиот животен век ќе го доживееме повторно. Им ги заќуте устите на попот и остала багра во федерација. Игравме феноменално, на цело првенство немавме лесно примен кош, а во нападот Бо си дупеше кој џандар пред МТВ. Благодарејќи на феноменалниот скаутинг кој ни го дадоа србите, нашите изиграа уште подобро и во втората фаза, и да не беше она гнасното циганче од Барселона кој во третата четвртина погоди неколку тројки и со нога, ќе се вратеа нашите со медал, медал кој со својата игра, пожртвуваност и тимски дух, и те како го заслужија. Во борбата за третото место, немавме среќа, буквално ни се лизна медалот во последната секунда, но и без тој медал, таа (оваа) генерација беше пречекана како што и доликува...како херои. Не само поради успехот на првенството, туку и поради тоа што успеаа да ја сполтат оваа, со векови, поделена нација.

Заврши првенството и со тоа му заврши и договорот на Маринко. Нормално, попот и компанијата од МКФ задоволни од успехот кој си го препишуваа на себе, па да не си го гледал првенството, ќе помислиш дека попот играл место Бо, а десното му раче, место Антиќ, му понудија нов договор на „докторот„ со желба тој да ги води на историскиот квалификациски циклус за Олимписките игри. Ама „докторот„ по враќањето со историскиот успех од Литванија, изјави „треба да си луд да се нафатиш да ја водиш репрезентацијата по таквиот успех, затоа што ова ни се случува еднаш во 100 години и дека не постои тренер на светот кој може да го повтори тој успех. Е, тој ваш „доктор„ тогаш стана сестра и затоа немојте да го величите затоа што тој е оној кој не сакаше да се обиде да не носи на Олимпијада, тој е оној кој играше на сигурно, знаејќи дека засекогаш ќе биде запаметен како најуспешниот селектор. Неспорно е дека со него на чело, наместо оној неписмењакот Лаки Мазовски, многу веројатно ќе се пласиравме на Олимпијадата и дека со него сигурно ќе ја поминевме бар првава фаза на ова првенство....ама тој има пичкарски менталитет, игра на сигурно, така да преку кур од вашите барања да се врати и сфатете еднаш за секогаш, тој докотор можеби го донесе најголемиот успех на македонската кошарка, но тој доктор е СЕСТРА сега, пичка, не остави кога ни требаше уште повеќе. Оставете го сега да се сити на нашите неуспеси, не го барајте, нема да се врати.

Еуробаскет 2013


За разлика од претходните години, ова првенство го немавме Врбица, кој изолиран од попот и компанијата, се повлече од позицијата директор на репрезентацијата, па логички повлече и дел од позитивната атмосфера, а верувам дека и Бенкардино напушти заради него. Пипан самоуверено се нафати да ги припрема физички играчите за ова првенство. Базата на висинските подготовки беше во Сектор, Привилиџ Клуб и Балет. Револуционерната тактика наместо суви тренинзи, нашите имаа и тек како течни тренинзи. Вотка, виски, пиво....тронеделните секојдневни  тренинзи ги спремија нашите репрезентативци да се носат и со великаните како Тони Адамс, Пол Гаскоњ и Пол Мерсон. На социјаните медиуми катадневно излагуваа слики од нив од дискотеките. Мислам дека повеќе слики излегоа од Перо и Бо во диско, него што Бар Рафели, Алесандра Амброзио и Аделина Тахири имаат заедно на Инстаграм. Таквите припреми си ја земаа својата акциза...акциза поради која нашиве изгледаа спремни ко кадетски тим во споредба со останататите селекции. 


Покрај течните подготовки, еден од најбитните фактори за овојнеуспех е Алеш Пипан. Словенецот се нафати да ја води оваа селекција со цел да си ја зголеми цената по евентуалниот успех на првенствово, ама претходно си ги оствари сонот и потпиша за Унион Олимпија, па го болеше кур за нашата репрезентација. Во Мзт остави добар впечаток, ама не било толку тешко да го направиш тоа со повампирени Тоше и Станко и со Дамјан во врв  на форма. Кога ќе се додаде и дека сите акции во нападот ги наследил од Ацо Тодоров испаѓа дека не бил толку добар стручњак како што навидум изгледаше. Дефинитивно остави впечаток дека што побрзо сака да си отиде во Љубљана и да си ја спреми Унион Олимпија за следната сезона. Најтрагично од се, по поразот од Босна кажува дека сме потфрлиле во одбрана, а нападот му беше добар, а ние цели 50 коша дадовме.

Дека постоеше желба кај нашите кошаркари, постоеше, но фактот дека беа неспремни не може никој да го побие. Перо Антиќ и Илиевски имаа дури и подобро првенство од она во Литванија, но прво судиите ни ја земаа победата против Црна Гора (иако си водевме 7 коша на 2 мин до крај, и дозволивме да ја пропуштиме) па потоа и Хулк да ни се повреди што и те како влијаеше на нашата игра. Но, впечатокот останува, дека она што го видовме, беше далеку под можностите на нашите херои.

Фактот дека игравме ракомет наместо кошарка останува. Нашите високи играчи беа повеќе надвор од 6.75 него што беа внатре. Влијанието на словенецот на повеќе наврати во видовнме и на тајмаутите, он збори едно, Илиевски друго, Тоше трето, Антиќ и Чековски сосема петто. На моменти не се ни знаеше кој уствари ни беше селектор. Имаше и ситуација каде Илиевски му покажуваше дека е време за тајм аут.... И на крај тој Пипан, ќе зема 14.000 евра месечна плата во Унион Олимпија. А таму кој ќе му го води тајмаутот кога нема ниеден постар од 27 години? Ќе го враќа Јака Лаковиќ?

Заслужија да бидат испратени во пензија со аплауз, несомнено, но дефинитивно нивниот настап на ова првенство не заслужи аплауз, туку свирежи. Игравме на можеби најслабото првенство во историјата, отидовме комплетни, ни најавуваа медал, а сите ние ќе бевме задоволни бар првите групи да ги поминеме...иако знаеме дека сме способни и за многу повеќе, но останавме со курот во рака и наместо да гледаме врвна кошарка, каде што и треба да сме со оглед на талентот кој го поседуваше оваа генерација, останавме на Солзите на мојата ќерка и Малечката невеста.

Индивидуална оценка


Тоше, срцето и душата на репрезентацијата последниве 10 години. Едвај го натераа да се врати од пензија, и да, имаше многу лошо првенство, но кога би се собирало и одземало што се има напревено за оваа репрезентација никој не може да каже лош збор за дечкото. Некогаш давал 100% од себе, а кога не давал 100%, давал 110%, 120%..... играл со скршен нос, пукната рака, бушаво репче и никогаш не се штедел на терен. На минатото првенство кога скрши рака, барал да игра и кога докоторот му рекол, како бе ќе играш со скршена рака, рекол, е добро де, имам уште една. Капа доле легендо, можат курот да ти го јадат. Не можам да ја замислам нашата репрезентација без тебе.

Перо Антиќ - уште еден шампион во течни тренинзи, но за перфромансот на првенствово, како и за залагањето не може да му се каже збор. Еден од ретките кои играа на потребното ниво. Се гледаме на Спортклуб од следната сезона. Се најдобро.

Бошко - ни бледа сенка од она што беше, дали неспремен, дали повреден или мамурен, не е битно, останува фактот дека играч како него којзнае кога пак ќе имаме чест да видиме во црвено-жолтиот дрес. Играше за Македонија ко да прадедо му се борел со Питу Гули на Мечкин Камен. Најдобриот играч кој сум го гледал во живо.

Станко - Хулк имаше своја втора младост минатава сезона. Посилен од кога било, попрецизен од кога било. После селекторот Пипан, најголемиот хендикеп на првенствово беше неговата повреда.

Илиевски - изигра одлично, смирено, сталожено, ефикасно. После Атниќ, вториот играч кој си изигра на своето ниво.

Самарџиски - мислам дека сеуште никој не може да сфати како може толку да е млак и да прави толку нерезонски потези. Со него една работа е сигурна, ако го оставиш во игра цели три минути, ќе направи 5 фаули.  Пола утнат зицер - пола лична грешка - тоа е нашиот центар.

Близнаците - Војдан потфрли ова првенство иако имавме големи очекувања од него. Дамјан изигра феноменално првите утакмици, но после Србија како да го фати вирусот од брат му. 1/15 шут против Босна за нашите најдобри шутери е недозволиво.

Брчков - за минутите што ги доби, се покажа одлично. Одличен физикус, штета што не порасна бар до 2.05. Ќе имавме класа играч во него. Но, и кај него беше очигледно дека не беше најдобро спремен.

Костовски - не треба да се суди по петте минути што ги изигра, но за него се зборуваше дека е смирен, со одлична прегледност. За петте минути со Летонија, го демантираше сето тоа. Е јеби га, не е ова Куманово и БИБЛ Лига. Уште не можам да се помирам со фактот дека ќе треба да гогледам како прв плеј во Мзт. Тешко нас.

Иднината


Сите познавачи на кошарката знаат дека сега почнуваат црните денови за репрезентативната кошарка. Без Антиќ, МекКејлеб, Тоше, Владо и Станко, остануваме на Костовски, Самарџиски и близнаците кои ќе морат да се вратат во нивната форма за да имаме какви-такви шанси видиме некое друго европско првенство. Време е Магдевски и Николов да се прекомандаат во А селекцијата и да почнат да стекнуваат сениорско искуство. Но, иднината на мак-баскетот не е сјајна. Нашите млади селекции завршуваат на 48 од 49 екипи во Европа, ниедна селекција не ни е во А дивизија, додека за спроедба една  Летонија, која секогаш сме ја гледале како екипа која стално ќе биде послаба од нас, е во првите 4 екипи во Европа во првенствата во генерацииите под 20, под  18 и под 16 години. Редно време е попот да преземе одговорност и да ја среди прво домашната лига, а не секоја година да имаме нерегулани првенства каде се откажува минимум по една екипа, да почне да се работи квалитетно со младите играчи, а не да отвара школи кој стигне и да се буткаат играчи во репрезентации затоа што биле синови на спонзори или презентери на вести на Сител. Ова ни беше последната надеж да се израдуваме уште еднаш, и затоа простете ми ако не се слагам со вас и да се помирувам со испаѓањето во првата фаза, кога знам дека можевме многу повеќе, но ужасно потфрливме и ако не се слагате со мене, искрено ме заболе курот...додека вие сте задоволни со медиокритет, јас знам дека можевме многу подобро, но ете ја усраа работата, пиеа и во Литванија, пиеа и тука, ама таму бар беа физички спремни и не ги водеше селектор кој едвај чекаше да си оди во новиот клуб, кој го заболе за репрезентацијата и кој отиде на првенствово со мотото, Нема да го повториме успехот од претходното првенство. Селекторе, да ти го тури цела ова анација, која ретко има шанси да се радува, а тебе кур те заболе.

А ти Попе, донесе правило да играат деца под 20 години цело прво полувреме во домшаното првенство, првата година од тоа правило, тие деца завршија на 48мо место од 49 екипи во Европа, додека оваа година не пријавивте селекција за тоа првенство. Дали имате поима како се води некој спорт или таму сте за сликање ако има некој успех, коњи едни неписмени. Наместо на успехот од Литванија ние да градиме подобра иднина, вие ја закопувате кошарката. Сва среќа што конечно еден тим излезе да игра надвор од Македонија (секако најмалку по ваша заслуга), па бар таа надеж ни остана. Со вакво раководство, за 5 години можеби ни домашна лига нема да имаме. Редно време е да си фатите богослужбата и да ја оставите кошарката на некој што ја разбира и што сака да напредува. МРШ!

Можеби не се експерти, но верувам дека многу луѓе се согласуваат со нив...еве дел од мислењето на твитерџиите во последните два дена од првенството:









































Ова се само твитови од последните два дена...Твитовите против Гечевски не ги ставам, затоа што, човекот сам си рече дека неможе повеќе да игра и иако се согласувам дека играше многу лошо, памтењето не ми е толку кратко и сеуште се сеќавам што се има дадено за оваа репрезентација.


Сепак ранетиот лав, на крај, за жал, им подлегна на повредите.

ПС Педерчиња, пред да почнете да ме пцуете за докторот или сестрата, распрашајте се дали било така или не, немојте на празно да кажувате гачки....уствари пцујте бе, што ве ебам

Monday, September 9, 2013

С паркинга - И Босна си има свој Игор Трпески!



„С паркинга...аааааааааааааааааааааа, шта је погодио Мирза Телетовиќ....ова је био са супротне половине....С ПАРКИНГА