Wednesday, January 30, 2013

Постои ли лимит на човечките можности?


Четири и пол минутен видео доказ дека не посотои лимит на човековите можности. Со напорно вежбање и верба во себе...еве што човекот може да направи.


Tuesday, January 29, 2013

Клизачи маратонска РЕТРОспекитва 2 - Предизвик

Да имав ваква инспирација у средно, немаше трета два пати да ја паѓам...ама добро, бар трета се покажа како најбитна за на факултет...а кој ја прочита до крај првата овогодишна РЕТРОспектива, нека даде знак, лајк, шер, коментар, зашто стварно треба орден да му се даде


ЛИВЕРПУЛ


Некои автори љубовта ја сметаат за вечна инспирација, но не и јас. Само што си помислив дека Ливерпул со ангажманот на Стариџ ќе се оправат и дека нема да бидат мојата вечна инспирација, тие налетаа на Олдам. Олдам е гигант од калибарот на Шрузбери, кој дуелот од ФА купот против Ливерпул го дочека во феноменална форма од 9 проази и цело едно нерешено. Но, Ливерпул, не би бил Ливерпул ако не го покаже своето вистинско лице. Ливерпул беше поразен од Олдам со 3:2 и играчите на Ливерпул видно разочарани го напуштија теренот. Најразочаран од сите беше Ливерпулскиот Зидан, Џонџо Шелви. Еве го во претгратка на татка си кој се обидува да го утеши




Веднаш по тој натпревар, Сони реши да го промовира џојстикот со кој играчите на ПЕС или ФИФА можат најреално да ја доловат фујдбалската симулација кога играат со Ливерпул (види фотос)


А сопствениците на Ливерпул не трошеа време и го сменија логото на Ливерпул да биде во склад со сегашноста, и наместо излитената фраза YOU'LL NEVER WALK ALONE, сега тоа е YOU'LL NEVER WIN AGAIN.


ЧЕЛЗИ

И Челзи имаше големи проблеми во купот против Европскиот шампион Брентфорд. Среќа што Торес успеа да постигне гол и конечно на сите душегрижници да им покаже кое е всушност неговото фудбалско ниво...ниво на трета англиска фудбалска лига


БЕНДТНЕР


Лоша вест за Интер и Наполи. Бенднер се повреди...во продолжение видео со сите голови на Бендтнер во Јувентус









ЊУКАСЛ

Њукасл со формата тргна по стапките на Ливерпул од минатата сезона и свињоликиот газда конечно реши да доведе засилувања. Со последните 5 засилувања, екипата на Њукасл Јунајтед ја промени и наставката Јунајтед. Сега тимот на Њукасл се вика Њукасл Л`екип, а еве го и најавениот состав за наредниот меч: Крул - Франција - Сисе. ФАКТ НА МЕСЕЦОТ: Џои Бартон отиде во Франција пред 6 месеци. Оттогаш цела Франција емигрираше во Њукасл. What a nice lad 



ХЕРОЈ НА МЕСЕЦОТ - Jason Puncheon

Саутемптон - Евертон 0:0 - Дебито на Покетино на клупата на Саутемптон го одбележаа две несекојдневни ситуации. Прво Саутемптон не прими гол и второ Jason Puncheon сред игра го напушти теренот поради зорт. По големата нужда тој се врати во игра. При неговото повторно влегување во теренот, навивачите нa Саутемптон не прошуштија да го поздрават својот херој кењатор со песна "He went for a shit, went for a shit, Jason Puncheon, he went for a shit!" ....а реакцијата на Панчон....priceless




NILE RANGER


Nile Ranger, играчот на Њукасл, со последното апсење, 6-то по ред, успеа да направи нешто што ретко на кој друг му има успеано во кариерата. Имено, тој бил повеќе пати апсен, него што бил стрелец во кариерата.




ФЕРНАНДА ТОРЕС 


На Демба Ба му требаа само 30 минути да го постигне првиот гол за Челзи, додека на Фернанда и требаа 900 минути. И веќе на првиот натпревар таа го започна на позицијата која најмногу му одговара...на клупата





EDEN HAZARD & Ball Boy

Абрамовиќ понуди 14 милиони фунти за детето што ги враќаше топките против Свонси...имено, тој успеа да ја задржи топката во свој посед повеќе од сите играчи на Челзи. 


ДАЛИ Е НА ПИКЕ?


На 24 Април, Џон Тери беше ислчучен во полуфиналето против Барсеолна. 9 месеци подоцна Пике и Шакира добија син. Коинциденција?


ЈАНКО ТИПСАРЕВИЌ 


единствениот тенисер кој сеуште нема претрпено пораз. Неговата тајна: Пред да изгубиш, предади се проади повреда. 100% фунционира


РУСКА КОШАРКАРСКА АКЦИЈА



Додај овде, додај онде, не таму не ваму...на црнчето му дојде преку полов огран и ја додаде до тој што секогаш знае каде треба да оди топката...а притоа и го докажа...неговата статистика 0 минути во игра, а една асистенција....акција на која и Фил Џексон може да подзавиди...важно судијата си покажа три поени...



РАБОТНИЧКИ


Реакцијата на Јани Макрадули, Комитата над Комитите, оној кој навива за Работнички, а се радува за Мзт, кога му соопштија дека работнички изгубил од второлигашот Апаве








БИЛИ ЅВЕР


Били е баш Ѕвер, на свои 25 години, затруднел 10 години помало девојче. Веста за обелоденетата љубов со овации беше дочекана на Твитер:




ТВИТЕР 

Monday, January 28, 2013

Акција на која и Фил Џексон може да и подзавиди


Додај овде, додај онде, не таму не ваму...на црнчето му дојде преку полов огран и ја додаде до тој што секогаш знае каде треба да оди топката...а притоа и го докажа...неговата статистика 0 минути во игра, а една асистенција....акција на која и Фил Џексон може да подзавиди



Виа Виктор Пачовски

Wednesday, January 23, 2013

Инспирацијата на Фернандо Торес


Фернандо Торес конечно проговори за својот идол и го сподели видеото кое го инсипирирало да стане она што е. Во кинеските карате филмови сме биле сведоци како ученикот станува подобар од учителот. Дали Торес го надмина својот учител, ментор, идол?

Tuesday, January 22, 2013

Jason Puncheon, he went for a shit!

Саутемптон - Евертон 0:0 - Дебито на Покетино на клупата на Саутемптон го одбележаа две несекојдневни ситуации. Прво Саутемптон не прими гол и второ Jason Puncheon сред игра го напушти теренот поради зорт. По големата нужда тој се врати во игра. При неговото повторно влегување во теренот, навивачите ан Саутемптон не прошуштија да го поздрават својот херој кењатор со песна "He went for a shit, went for a shit, Jason Puncheon, he went for a shit!" ....а реакцијата на Панчон....priceless

Thursday, January 3, 2013

Навивач на Јуве Стабиа на интревју за работа


Оди навивач на Јуве Стабиа на тестирање за работа во општината Стабиа.

Градоначалникот му дава тест:
- Еве ти пиштол оди убиј 6 црнци и еден зајак.

Навивачов прашува:
-А зашто зајакот

...и ја добил работата



За повеќе, посетете не на http://www.facebook.com/Klizaci


Friday, December 14, 2012

Клизачи Ретроспектива - Чело


Ова е мој прв литературен обид да ги доловам интересните спортски настани од минатите 7 дена. Се надевам ќе има и такви на кои ќе им се допадне, па ќе прерасне во една традиција. Цугнав, 3-4 ракии, да разбијам трема... нек се угоде првачето мое...

МЕСИ

Главен спортски настан оваа недела е рушењето на рекордот на бројот на постигнати голови во една каледнарска година. Меси најпрвин го совлада рекордот со двата гола против Бетис, а потоа и си го поправи сопствениот рекорд со уште два комада во купот. Со тоа Меси дојде до бројката од 88 гола, што во споредба би дошло 30 гола повеќе од Ливерпул и за 30-40 гола повеќе од цела наша фудбалска лига за истиот тој период.

ФАЛКАО

Фалкао, можеби најдобриот шпиц играч во овој момент, иако засенет од рекордот на Меси, збрчи 5 на една утакмица. Дечкото е луд. Неговата цена на пазарот за 2 години е порасната за преку 500%. Фалкао сепак треба да му биде најмногу благодарен, не на сегашниот тренер, Симеоне, ниту пак напретходниот во Порто, Вилаш Боаш....тој треба да му е најмногу благодарен на тренерот на Сандерленд, Мартин О`Нил кој пред 3 години наместо Фалкао, во Астон Вила за истите пари го донесе Емил Хески. Ефектот им е сличен, Фалкао по пет комада на утакмица, а овој сеуште го очекува петтиот гол во кариерата.

КРАЈ НА СВЕТ

Како уште еден доказ дека крајот на светот ни се ближи се победите на Ливерпул на гости и постигнувањето на 3 гола без Суарез на теренот, и на Челзи на чело со Бенитез исто така на гости. Според досегашната анализа, ништо чудно тоа да му беше прва победа на Бенитез на гостински терен во кариерата. Уште еден факт дека крајот е тука е тоа што, Торес даде 5-6 гола на последните 3 утакмици.

ЖЕРВИЊО

Како тргна Торес со постигнувањето на головите, мислев дека ќе бидам приморан да го затворам блогот. Таман со тешко срце се одлучив на тој чекор, улета Жервињо, and the rest is history.



После ова промашување на Челото, дури ни родениот татко неможеше да издржи. На негова среќа блиску беше метрото и непосредно по ова промашување е фотографиран како се враќа накај дома.



Иако Арсенал играше со прв состав и просечните неделни примања на играчите се за 59.300 фунти повисоки од оние на Братфорд, екипата од која испаднаа во купот, за Жервињо не беше се така црно. Имено Проктер и Гембл ја лансираа новата линија на шампони “Forehead & Shoulders„ и за заштитно чело го избраа токму Жервињо. 




Жервињо, покрај фудбалот, е познат и по неколку други работи, на пример по својата втора страст, музиката. Тој свири во националната филхармонија на Брегот на Слоновата Коска, на инструментот ЧЕЛО. Но, сепак неговата космичка популарност не е ниту по фудбалот, ниту по музиката, туку поради блиската роднинска врска со Зоки Фаци. за крај уште една анегдота поврзана со истите...кога биле мали, кога ќе кренеле температура, баба им ги користела нивните чела, како би си ги испеглала алиштата.

АвтоголИШТЕ

Брајан Вилсон од Колчестер, авторот на ова ремек дело кое ни девојчињата во трето одделение кога играа против нас неможеа да го направат. До душа имаше пар машки што можеа, но тоа е друга тема, не сакам да бидам етикетиран ко хомофоб




РАКОМЕТАРКИТЕ

Незнам што толку им се закатанчија на нашите ракометарки, катастрофа биле, вакви биле онакви биле. Алооооо луѓе средете се, со 0 бодови отидоа, со 0 се вратија. НА СВОЕ СМЕ! Туѓо не бараме, свое не даваме!

КОПА СУДАМЕРИКАНА

Финалниот натпревар од Копа Судамерикана помеѓу Сао Паоло и Тигре заврши неславно. По водството на Сао Паоло од 2:0 на полувремето, натпреварот заврши. Имено, гостите од Аргентина се решија да го следат храбриот потег на Шакири и Шкендија... а видиш дека немаш шанси да победиш, откажи се. Во духот на спортот.

Целосниот текст со видео може да се ѕирне на Offside

ЛЕЈКЕРС

Од извори блиски до MakNBA дознаваме: Ексклузивно за #МакНБА, Мич Купчак открива дека ЛОЛ Анџелес Лејкерс сериозно размислуваат да ја напуштат НБА и да се приклучат кон Јадранската лига.

Клизачи смета дека оваа одлука е донесена од поривот „Цело е кога има се„ а бидејќи Лејкерс не загубија уште од Унгарски Шолнок сезонава, ништо чудно тоа да им е целта за влез во Јадранот.

Крис Хамфрис

Кај Ким Кардашиан го шутна, па и судивчево се обиде да му залепи бананче. Пусти Крис, се на погрешната страна од вестите е. Олеснителна околност, еден од ретките кој може да си дозволи да си купи телевизор поголем од гзот на Ким.






FAMILY AERODROM

И покрај забраната за гостување во Јадранската лига, група болесници по Мзт Скопје, отидоа на гостување на најжешкиот кошаркарски терен во Европа, ако не и во светот. Не само што отидоа, туку и се слушаа на ТВ. Секоја чест момци!

TWITTER

Можеби не се поврзани со спорт директно, но од оние 5% од твитовите што ги прочитав неделава, овие ми го задржаа вниманието:




КЛИЗАЧИ НА Facebook

посетете не и на фејсбук: http://www.facebook.com/Klizaci

Tuesday, December 11, 2012

Наследниците на Зидан


Многу луѓе се огледуваат на своите идоли. Не случај само мали деца, туку има и стари магариња кои сакаат да станат како својот идол. Тие по секоја цена сакаат да ги копираат заштитните потези на своите идоли. Ова е видео направено во чест на наследниците на големиот Зинедин Зидан.



Wednesday, November 28, 2012

Ален Халиловиќ - новиот Меси или новиот Џилардињо?


Ален Халиловиќ со талентот кој го поседува, можеби и со право му дадоа етикета хрватскиот Меси, но...според тоа како глуми, Клизачи смета дека наместо новиот Меси, подобро би му стоело новиот Инзаги, Џилардињо, Суарез, Бускец



Monday, November 26, 2012

Не е калаш


Во исчекување на официјална информација од ЕУ, НАТО, УСА, Албанскиот политички блок и нашето МВР, што е всушност тоа, а НЕ Е КАЛАШ, на твитер се разврза дискусија со голем број претпоставки, што е всушност тоа на сликата што го држи еден од македонските ендемски видови кој ништо чудно да стане и амбасадор, најверојатно во НАТО. Еве некои твитови кои ми фатија око: