Thursday, May 9, 2013

Реакциите ширум светот по повод пензионирањето на Алекс Фергусон


Реакциите на фудбаслктие навивачи ширум светот по повод веста за пензионирањето на Алекс Фергусон



Бонус:

тРајан Гигс ги отфрли шпекулациите за наследник на Фергусон. Тој само сакал повеќе слободно време да поминува со семејството на брат му.

Навивачите на Манчестер Јунајтед бараат 5% намаување на билетите за следната сезона. Како причина за тоа го наведуваат пократкото траење на мечевите откако со пензионирањето на Фергусон Манчестер го изгуби правото на Екстра Ферги време

Навивач на Ливерпул ја пронашол магичната ламба, ја протрил и излегол магичниот дух и му рекол дека ќе му оствари три желби. Маргарет Тачер умре, Алкес Фергусон се пензионираше, остана уште онаа најтешката...да освојат титула

ЕКСКЛУЗИВНО: Клизачи дознава дека Хауард Веб штотуку е најден во својата бања, со жилет во раката и е спречен во обидот да си посегне по вените по добивањето на веста за пензионирањето на Фергусон


Friday, April 26, 2013

11-те главни правила на детскиот уличен фудбал





1. Најдебелото дете секогаш се става на гол
2. Детето што има фудбал одлучува кој ќе игра, а кој не
3. Пенал се добива само ако фаулираното дете пцуе многу или изгуби многу крв
4. Утакмицата завршува кога сите ќе се уморат или пак некое дете е повикано од мајка му да пишува домашна
5. Ако тепачки појаката екипа губи, се игра „док не падне мрак„
6. Ако нема фубал, и пластично шише може да заврши работа
7. Ако те  бираат последен,  со време смени си спорт
8. Ако топката влезе под некоја кола, посед имаат оние кои први ќе ќажат „Вадам„
9. Ако се наљути сопственикот на фудбалот, играње заврши.
10. Секој шут на голчињата на камења на потепачки расположената екипа е внатрешна статива и се рачуна како гол.
11. Три корни = пенал, освен за појаките, каде секоја втора корна ја сметаат за трета.

Имате да додадете некое?

Следете не на http://www.facebook.com/Klizaci

Monday, April 15, 2013

Компарација: Уапсените во нередите во Њукасл со...


По поразот од најлутиот ривал Сандерленд, навивачите на Њукасл предизвикаа нереди во и надвор од стадионот каде беа уапсени 28 навивачи и една будала која се обиде да нокаутира полициски коњ




Или во компаративна бројка би тоа би дошло еден повеќе од City Park Boys што беа на бечното дерби против Мзт...да не го фатеа тој што се обиде да го ликвидира коњот, ќе беа иста бројка, вака ми ја поремети математиката...




А математиката кажува дека се уапсени ист број на навивачи колку: 
1. Паткари Струга
 2. Винари Неготино
 3. Рибари Охрид