Friday, December 14, 2012

Клизачи Ретроспектива - Чело


Ова е мој прв литературен обид да ги доловам интересните спортски настани од минатите 7 дена. Се надевам ќе има и такви на кои ќе им се допадне, па ќе прерасне во една традиција. Цугнав, 3-4 ракии, да разбијам трема... нек се угоде првачето мое...

МЕСИ

Главен спортски настан оваа недела е рушењето на рекордот на бројот на постигнати голови во една каледнарска година. Меси најпрвин го совлада рекордот со двата гола против Бетис, а потоа и си го поправи сопствениот рекорд со уште два комада во купот. Со тоа Меси дојде до бројката од 88 гола, што во споредба би дошло 30 гола повеќе од Ливерпул и за 30-40 гола повеќе од цела наша фудбалска лига за истиот тој период.

ФАЛКАО

Фалкао, можеби најдобриот шпиц играч во овој момент, иако засенет од рекордот на Меси, збрчи 5 на една утакмица. Дечкото е луд. Неговата цена на пазарот за 2 години е порасната за преку 500%. Фалкао сепак треба да му биде најмногу благодарен, не на сегашниот тренер, Симеоне, ниту пак напретходниот во Порто, Вилаш Боаш....тој треба да му е најмногу благодарен на тренерот на Сандерленд, Мартин О`Нил кој пред 3 години наместо Фалкао, во Астон Вила за истите пари го донесе Емил Хески. Ефектот им е сличен, Фалкао по пет комада на утакмица, а овој сеуште го очекува петтиот гол во кариерата.

КРАЈ НА СВЕТ

Како уште еден доказ дека крајот на светот ни се ближи се победите на Ливерпул на гости и постигнувањето на 3 гола без Суарез на теренот, и на Челзи на чело со Бенитез исто така на гости. Според досегашната анализа, ништо чудно тоа да му беше прва победа на Бенитез на гостински терен во кариерата. Уште еден факт дека крајот е тука е тоа што, Торес даде 5-6 гола на последните 3 утакмици.

ЖЕРВИЊО

Како тргна Торес со постигнувањето на головите, мислев дека ќе бидам приморан да го затворам блогот. Таман со тешко срце се одлучив на тој чекор, улета Жервињо, and the rest is history.



После ова промашување на Челото, дури ни родениот татко неможеше да издржи. На негова среќа блиску беше метрото и непосредно по ова промашување е фотографиран како се враќа накај дома.



Иако Арсенал играше со прв состав и просечните неделни примања на играчите се за 59.300 фунти повисоки од оние на Братфорд, екипата од која испаднаа во купот, за Жервињо не беше се така црно. Имено Проктер и Гембл ја лансираа новата линија на шампони “Forehead & Shoulders„ и за заштитно чело го избраа токму Жервињо. 




Жервињо, покрај фудбалот, е познат и по неколку други работи, на пример по својата втора страст, музиката. Тој свири во националната филхармонија на Брегот на Слоновата Коска, на инструментот ЧЕЛО. Но, сепак неговата космичка популарност не е ниту по фудбалот, ниту по музиката, туку поради блиската роднинска врска со Зоки Фаци. за крај уште една анегдота поврзана со истите...кога биле мали, кога ќе кренеле температура, баба им ги користела нивните чела, како би си ги испеглала алиштата.

АвтоголИШТЕ

Брајан Вилсон од Колчестер, авторот на ова ремек дело кое ни девојчињата во трето одделение кога играа против нас неможеа да го направат. До душа имаше пар машки што можеа, но тоа е друга тема, не сакам да бидам етикетиран ко хомофоб




РАКОМЕТАРКИТЕ

Незнам што толку им се закатанчија на нашите ракометарки, катастрофа биле, вакви биле онакви биле. Алооооо луѓе средете се, со 0 бодови отидоа, со 0 се вратија. НА СВОЕ СМЕ! Туѓо не бараме, свое не даваме!

КОПА СУДАМЕРИКАНА

Финалниот натпревар од Копа Судамерикана помеѓу Сао Паоло и Тигре заврши неславно. По водството на Сао Паоло од 2:0 на полувремето, натпреварот заврши. Имено, гостите од Аргентина се решија да го следат храбриот потег на Шакири и Шкендија... а видиш дека немаш шанси да победиш, откажи се. Во духот на спортот.

Целосниот текст со видео може да се ѕирне на Offside

ЛЕЈКЕРС

Од извори блиски до MakNBA дознаваме: Ексклузивно за #МакНБА, Мич Купчак открива дека ЛОЛ Анџелес Лејкерс сериозно размислуваат да ја напуштат НБА и да се приклучат кон Јадранската лига.

Клизачи смета дека оваа одлука е донесена од поривот „Цело е кога има се„ а бидејќи Лејкерс не загубија уште од Унгарски Шолнок сезонава, ништо чудно тоа да им е целта за влез во Јадранот.

Крис Хамфрис

Кај Ким Кардашиан го шутна, па и судивчево се обиде да му залепи бананче. Пусти Крис, се на погрешната страна од вестите е. Олеснителна околност, еден од ретките кој може да си дозволи да си купи телевизор поголем од гзот на Ким.






FAMILY AERODROM

И покрај забраната за гостување во Јадранската лига, група болесници по Мзт Скопје, отидоа на гостување на најжешкиот кошаркарски терен во Европа, ако не и во светот. Не само што отидоа, туку и се слушаа на ТВ. Секоја чест момци!

TWITTER

Можеби не се поврзани со спорт директно, но од оние 5% од твитовите што ги прочитав неделава, овие ми го задржаа вниманието:




КЛИЗАЧИ НА Facebook

посетете не и на фејсбук: http://www.facebook.com/Klizaci

Tuesday, December 11, 2012

Наследниците на Зидан


Многу луѓе се огледуваат на своите идоли. Не случај само мали деца, туку има и стари магариња кои сакаат да станат како својот идол. Тие по секоја цена сакаат да ги копираат заштитните потези на своите идоли. Ова е видео направено во чест на наследниците на големиот Зинедин Зидан.