Wednesday, November 28, 2012

Ален Халиловиќ - новиот Меси или новиот Џилардињо?


Ален Халиловиќ со талентот кој го поседува, можеби и со право му дадоа етикета хрватскиот Меси, но...според тоа како глуми, Клизачи смета дека наместо новиот Меси, подобро би му стоело новиот Инзаги, Џилардињо, Суарез, Бускец



Monday, November 26, 2012

Не е калаш


Во исчекување на официјална информација од ЕУ, НАТО, УСА, Албанскиот политички блок и нашето МВР, што е всушност тоа, а НЕ Е КАЛАШ, на твитер се разврза дискусија со голем број претпоставки, што е всушност тоа на сликата што го држи еден од македонските ендемски видови кој ништо чудно да стане и амбасадор, најверојатно во НАТО. Еве некои твитови кои ми фатија око:



















 










Friday, November 23, 2012

Платите на фудбалерите на Ливерпул


Листа на играчите на Ливерпул и нивните неделни плати. Само 240.000 фунти неделно за Џо Кол, Даунинг и Хендерсон. За овие бедни примања, како очекуваат луѓето овие играчи да играат добро не ми е јасно. Стисната управа, стиснати резултати!

1. Steven Gerrard - £120.000 
2. Luis Suárez - £100.000 
3. Pepe Reina - £90.000 
4. Joe Cole - £90.000 
5. Jamie Carragher - £85.000 
6. Stewart Downing - £80.000 
7. Glen Johnson - £80.000 
8. Jordan Henderson - £70.000 
9. Martin Skrtel - £70.000 
10. Daniel Agger - £70.000 
11. Lucas Leiva - £65.000 
12. Nuri Sahin - £91.000, Liverpool pay £64.000. 
13. José Enrique - £55.000 
14. Doni - £50.000 
15. Joe Allen - £45.000 
16. Fabio Borini - £30.000 
17. Seba Coates - £29.000 
18. Oussuma Assaidi - £21.000 
19. Danny Wilson - £20.000 
20. Brad Jones - £20.000 
21. Jonjo Shelvey - £18.000 
22. Martin Kelly - £15.000 
23. Suso - £10.000 
24. Dani Pacheco - £7.000 
25. Raheem Sterling - £5.000

За споредба, од играчите на Њукасл, само Колочини може да влезе во први 10. Сите други се во под 15-тото место.

Thursday, November 22, 2012

И од нашите фудбалери сепак можело да се научи нешто


При спомнувањето на Латинска Америка првата асоцијација што голем број на луѓе ја добиваат е или фудбал или дрога, во зависност, нели, од зависноста на индивидуата. Зборувајќи од фудбалска гледна точка, латино-американците во фудбалот се она што се американците во кошарка или пак балканците во местење...со други зборови тие се поим. Со оглед на состојбата во нашиот фудбал кој би рекол дека една земја како Аргентина, лулката на голем број играчи од светска класа, Марадона, Меси, Каниџа, Батистута,  Занети, Гутиерес и остали, би имала фудбалери кои за свои role models би ги земале Капинковски, Клинчаровски, Љутви, Рањо, Прескакулев, Азизи...Само да чујам некој да рече дека аргентинскиот фудбал нема што да научи од нашиот!


Wednesday, November 14, 2012

Револуционерно откритие: Можело и центаршут од линијата за слободни фрлања


Играчот на Голден Стејт, Биердинс дојде до револуционерно откритие...шутот кон кошот не е единствената опција при изведување на слободни фрлања...имено, тој покажа дека од таа позиција може да се испрати и центаршут


Tuesday, November 13, 2012

Клуб за кој ќе дадам се...

Цевитана....зашто Цедевита е за пички

Како почна:




А како заврши:


Friday, November 9, 2012

Смртниот поглед на Коби дели откази




Коби со својот смртен поглед му пресуди на Мајк Браун, еден од тројцата кошаркарски тренери кои се послаби од Маријан Србиновски....но, имаше и среќа...среќа што не му беше Маки Лазовски тренер иначе очи ќе му испаднеа од гледање за џабе