Thursday, July 12, 2012

Има ли пилот во авионот? Дел 3: Македонска кошаркарска репрезентација


Ако треба со еден збор да се опише нашава авантура кон Лондон, тоа би било баш со зборот пародија.

Имавме златна шанса да ја осетиме олимпијадатада, ама...ја прокоцкавме. Не ние туку попот што ни ја води кошарката. Македонија може да му биде благодарна на Чавез што понуди повеќе пари од тоа што ние планиравме да го организираме квалификациониот турнир. Вака си заштедивме 2-3 милиона и ќе можеме да си ги искористиме во некои нови споменици... а и дома да игравме немаше да се квалификуваме. Тука можеби кошевите немаше да бидат искривени, али гарант баскетот ќе ни беше јајце.

Како всушност Македонија се откажа од олимпискиот сон?

Оние кои не се замараат многу со кошаркава мислат дека Македонија го испушти параходот кон Лондон во третата четвртина против Доминикана, но оние кои бар малку подетално ја следат нашата кошарка беа свесни дека Македонија го имаше кренато белото знаменце многу пред да се отпатува кон Венецуела. Тоа беше во оној момент кога попот реши да го состави стручниот штаб. Имено горе споменатиот владика на кошарката, избра за селектор човек кој имаше цела една  победа од 10 утакмици во Суперлигата, а за негови помошници ги именуваше

**Помошник селектор – исто како и селекторот со 10% ефект на победи во суперлигата, додека на почетокот сезоната ја започна во 14 кратниот првак на Македонија, во онаа екипа од која беше набркан ко џукела 6-7 месеци претходо поради катастрофални резултати. Е оваа сезона таа незналица ја започна сезоната во неверојатен стил, во стил на Душко Вујошевиќ...само ова дрво и Душко можеа да имаат 0-7, едниов со Работнички, другиот со ЦСКА Москва...но на Душко му се прашта, ЦСКА и не е некој гигант во кошаркава. По втор пат набркан од ист клуб за период од пола година, исфорсиран и со чудни и нејасни притисоци издејствува играчите да му се свртат против Боби Петровски и да го избркаат од Торус. Во тој момент, од конкурент за титулата Торус само му ја исчисти патот на Мзт Скопје...фала му.

**Скаут – или кошаркарски зналац кој треба да ги гледа идните противници, да ги наоѓа нивните маани и да поставува против игра...е сега и ваков ли ни треба? Лесно ќе беше да имавме некој Боби Митев, ама што малер се погодивме, место дечкото да се роди во Македонија, тој канаѓанин се погоди...а и што ќе ни таков познавач, кога овие двајцава погоре споменатите тренеришта имаа комбинирано 2 победи во цела суперлига, и тоа кога се победија еден против друг? Нас не ни беше проблем поставувањето против игра, нас ни беше проблем англискиот, кој ли ќе му зборува на Бо МекЏордан. Е тука немаше дилеми. Го имаа слушнато дека знае 2-3 фрази од типот на “Say hello to my little friend” “You talking to me” “I’ll be back” и ги кажува со добар акцент, а и штотуку женет па си рекоа да му направат услуга, да избега од жена си, го земаа со нив. И самите знаеа дека со нив нема да се квалификуваме, па бар да прошетаат уште еден од нивниот калибар зналци...хумано од нивна страна, иначе кога би ја видел Венецуела друг пат.

Владиката на кошарката во сите 30 интервјуа беше убеден дека ќе се пласираме на Олимпијада. Или не лажеше или нема поима од кошарка па го склопи стручниот штаб од луѓе што знаат кошарка ко Накова англиски. А пошто е поп и не лаже, значи....

Имаме генерација која заврши 4та во Европа, играчи кои имаа одлични сезони, МекЏордан најдобар играч во Италија и еден од најдобрите во Евролига, играч кој заслужува да му се крене споменик....драг премиере, место да ставате споменици од бугари, ставете еден споменик од МекКејлеб, поголем македонец испадна и од вас и од оние со приватизацијата заедно. Тука е Перо Антиќ, прва петорка во Европскиот шампион. Војдан еден од најдобрите во Украинското првенство. Тоше рибарот, најдобар играч во Македонското првенство...златна генерација која со одлуката Лаки Мазовски да ја води, златаната шанса ја зарѓавте, рѓа да ве облее, маму ви ебам неспособна.
               
Пријателските во принцип не се за коментирање, али од група средношколци од Аталнта ние примаме 100 коша и губиме, па и на закоравените оптимисти почнаа со доза на скептицизам да гледаат на очекуваниот успех, успех кој попот заедно со нестручниот штаб и играчите упорно пробуваа да го влеат во потсвеста на секој од нас. Десната рака на попот, попадијата што доаѓаше како ко-кометатор на преносите на пријатеслките, на сите утакмци го отече со изјавата дека не е битен резултатот, ама се посрааа ко нилски коњи кога на пријателска ја тепавме Литванија.

Стигнавме во Венецуела, прва утакмица, Ангола. Светска велесила. Екипа составена од 12 играчи кои играат во НБА лигата...да да, во НБА лигата, National Basketball of Angola. Примаме 32 коша во прва четвртина, а нашиот нестручен штаб, првиот тајм аут го бара, на 5 секунди до крај на четвртината и тоа не дека не силуваа, туку во тие 5 секунди чиниш Лаки Мазовски има акција на која и Пет Рајли може да подзавиди. Ангола имаше само 3 играчи над 2 метра, од кој едниот излезе со 5 фаули. Таа Ангола имаше 15тина скока повеќе од нас, имаше повеќе офанзивни скокови него што ние имавме дефанзивни. Ама нестручниот штаб наместо играчот кој беше наше најсилно оружје и кој ја намали разликата од -20 на -2, Самарџиски да го остави во игра, тој на две минути до крај го стави Тоше. Тоше секоја ти чест што си дал за репрезентацијава, ама овој турнир џабе те измачија, а и ти нас. Нормално, изгубивме, а на -4 на 2 минути до крај, „високите„ играчи на Ангола ни направија 4 офанзивни скока и на крај ни дадоа кош. Лаки Мазовски ја обвини ФИБА овој пат. Како тоа на Ангола им дозволија да играат со 12 црнци, а нас ни дозволија само еден. Додека течеше натпреварот, тој си замислуваше како би било да има 5 МекКејлеба...сигурно затоа и небеше нешто многу растревожен. Но, после поразот, вложија жалба до Фиба и најверојатно утакмицата ќе се преигра за време на квалификациите за Параолимпијадата.

После овој пораз, успеавме да го тепаме племето индијанци од Аустралија и на 20 разлика, наместо да ги одмораме нашите клучни играчи, нестручниот штаб играше со првата петорка до 1:06 до крајот на утакмицата. Нов Зеланд имаше преку 25 загубени топки, од кои сигурно 10 пати направија грешка во чекори. Тој Нов Зеланд е можеби најслабата екипа која некогаш ја имав гледано во мојот живот, а сум гледал многу Соколи, Ултимејт Баскети, Овчи Полиња, Работнички....Го победивме Нов Зеланд со 22 разлика и влеговме во четвртфиналето. Сите поомирени дека Русија ќе ни биде следниот противник, зашто бевме сите убедени дека Нов Зеланд неможе ни женската екипа на Бигор Скопје да ја победи, а не па гигантот Ангола кој нас ни даде 90 коша.

На големо изненадување, екипата која против нас шутирање 9/12 за тројка и ни даде 32 коша за една четвртина, на Нов Зеланд им даде 26 коша цело прво полувреме. Што направи Нов Зеланд, високите играчи искакаа на блоковите и не им дозволуваа лесни шутеви. Нашиот нестручен штаб знаеше дека така може да ги спречи Ангола, но несакаше да си ја оддаде тактиката за следното Европско првенство, а притоа знаеше дека Нов Зеланд ќе ја тепа Ангола и ќе ни ги намести коцките за да ја избегнеме Русија, која не дека немаше да ја тепаме, али браќа словени, да не ги елиминираме.

Грција губи од Нигерија, и цела Македонија во еуфорија, битно циганите испаднаа. Никој не гледа во својот двор. Сите портали ја објавија веста за испаѓањето на Грција како најголема радост. Сител, Канал 5, Наша ТВ, МТВ пуштија вонредни вести за македончето да се израдува на туѓ пораз, а не на својата победа. Вечер и Дневник излегоа со вонредни броеви, а на секој семафор можеше да слушне, Грција испадна,го лапнаа црнечкит, read all about it. Почна да се спрема пречек на нигериските кошаркари на триумфалната порта, веќе ништо не му беше битно на нашиот народ, важно Циганија испадна...не е народот искомплексиран, не е.

Два саати покасно, поточно во второ полувреме, на нашата утакмица против Доминикана, почнавме да искакаме многу високо на пик анд рол, а овие со семи-поп тотално ни ја разбија одбраната. Нашите бекови иако до таа кобна трета четвртина немаа ниеден фаул, ниеднаш не фаулираа да ја спречат таа брза транзиција од која примивме може 20тина коша во таа четвртина. Кај нас центрите шутираат, а бековите одат на офанзивен. Брзиве доминиканци ја искористија инертноста во враќањето назад на нашите и поставувањето одбрана и ни го скинаа гзот. Скок играта под својот кош криминал. Нападот да не зборам колку беше едноврстен. Ако не шутираме тројки, тогаш ја спуштаме на центар кој игра преку средина и лесно се згужвуваше противничката одбрана. Можеби требаше по челна линија да ја прима за да пасивната страна остане слободна па со две брзи додавања да се создадеше слободна позиција за шут. Исто морам да го спомнам и Илиевски како еден од послабите играчи на утакмицата. Можеби даде 15тина кошеви, ама дечкото и кога губиме игра спора кошарка, сега на +20 почна да рога на 20 секунди до крај на нашиот напад.

...и така си ги чекиравме картите и си се вративме назад заедно со Грците.

Вчера гледам прес конференција имало и нешто се наљутиле нашиве кошаркари. Ау ма немој сте се истетовирале по цело тело, 2 и 10 високи животињи, а ко пички бегате од незгодни прашања. Па и новинарите ви се криви на крај. И се криви, реално. Наместо да исплукаат кога заслужувате, ве бранеа по секоја цена и ретко кој се нафати да ве критикува, иако имаше простор за критика колку сакаш. Се навикнавте да ве тинтраат ко барбики, можеби и затоа и што сте. Немате муда да излезете во јавноста и да одговорите на неколку прашања. Исто ко што немавте муда да се спротивставите на попот кога го состави овој нестручн штаб. Со премочувањето на поставувањето на незналицата за селектор, вие исто така сносите огромна вина. Можевте да се буните кога беше Арсиќ селектор, да одбивате да играте, а сега кога имавме златна шанса да играме на Олимпијада, преќутевте поставување на стручен штаб кој знае помалку кошарка и од Мирсад Јонуз. Самите си сносите вина за тоа!

Вчера, не само јас, туку цела македонска јавност очекуваше оставка, најмалку на селекторот поради фамилијарни причини...сепак после Доминикана цела Македонија и се изнаеба на жена му. Наместо оставка, тој кажува дека левиот кош бил крив!!! Ова не е заебанција, не е скеч или скриена камера! Ние имаме селектор кој како оправдување го даде тоа што едниот кош бил крив. Русија се пласираше зашто и кај нив во лигата играат на криви кошеви, а ние дека сме светлосни години пред нив, не ни одговараше. Јајце баскетите како оправдување ќе ги чуваме како џокер за Европско. Браво Лаки Мазовски, уште и кур си играш со нас, копиле едно бедно!

На нашиот капитен криви му биле новинарите. Точно голем дел се неписмени исто ко нашиот нестручен штаб, али додека тие го величеа дека играл одлично, а тој кутриот, во Олимпиакос на дотичната утакмица  10 минути, 2 скока и 0/4 шут за три поени, тогаш му беа добри? Да, сите не интересира дали МекКејлеб ќе игра уште за нас или не. Тоа е најбитното нешто за макбаскетот. Не си ни ти битен, ни попот, ни попадијата ни Лаки Мазовски и неговите суртуци!

Кога завршивме четврти, попот и попадиите си го припишаа успехот на свое име, демек добро ја воделе кошарката. Сва среќа што се најде Вујошевиќ што ви го подари МекКејлеб. Заблагодарете се и на претседателот на Црногорската федерација што  е добар приајтел со Омар Кук и наместо да го земат Бо, решија да го задржат него. Ни тоа не е ваша добро сработена работа, ама не пропуштате да си го припишете во успесите. Откога сте дојдени на чело на федерацијата, една сезона не помина, а бар една екипа да не се откаже. Глумевте ко да имате учинок ко МекКејлеб на првенството, главна ѕвезда станавте ти и ретардираниот ти секретар, а сега после крахот во Венецуела, никој не презема одговорност, па за главен виновник го набедивте КОШОТ КРИВ. Иако гарантиравте пласман на олимпијада, ништо не презедовте после дебаклот....успех било и ова...Не! Не е успех ова, оваа генерација има многу повеќе потенцијал, но вие со ставањето на ваков нестручен штаб ја уништивте атмосферата во екипата, само Бо покажа емоција цел турнир...можеби зашто не го ни разбираше Лаки Мазовки што збори.

Фала ти Попе што наместо да ги гледаме олимписките кругови со Перо Антиќ како знаменосец, ти ни сервираше олимписки курови, кур да те утепа, стоко преварантска.

Некој прашува зашто луѓево се толку гневни на непласирањето наше... па како не би бил гневни кога попот и неговиот пајташ ни ја земаа единствената шанса да ја гледаме кошаркарската репрезентација на вака престижно натреварување како Олимпијадата. Него го боли цеф, он си е поп, ќе живее 500 години, ќе има он уште шанси...а ние....ние ќе си поцкркаме од мака што пропуштивме ваква шанса.


27 comments:

  1. добро бе ти се замислуваш некој стручњак за кошарка? па незнаеш со што се игра кошарка бе тапчо еден, ти ќе зборуваш за кошарка. Зошто тебе не те гледаме во репрезентацијата ако си некој кошаркар ?

    ReplyDelete
    Replies
    1. Не сум никаков стручњак, само обичен љубител на спортот. Ова е мое гледиште, ако не ти се свиѓа дај контра аргумент, ако не никој не ти ставил пиштол на галва да го читаш постов

      Delete
  2. na cela maka, se iznasmeav

    ReplyDelete
  3. bravo za statijata

    ReplyDelete
  4. Neznam koj go napishal ova ama sekoja cest.....prv covek dali e novinar ili ne ne e bitno da iskoci i da kaze ona sto site sto razbiraat kosarka gi boli i go mislat.
    A tie sto ne razbiraat im e najlesno.....bitno se veeshe makedonskoto zname i kako sto vika trenerot na onoj jadniot atleticar nash sto ke odi na Olimpijada "Nasa cel e da ne bideme posledni"....

    ReplyDelete
  5. bravo za onoj koj go postavil postov porealen post zdravje

    ReplyDelete
  6. Celiov post e dobra analiza na kosarkata , samo so posledniov del ne se slozuvam , deka kosarkarive begale kako picki od "nezgodnite prasanja" pa toa ne bea nezgodni prasanja tuku selski prasanja za koi trebase novinarite da dobijat po eden samar od cela reprezentacija i da ne se pojavat poveke na pres...

    ReplyDelete
    Replies
    1. Никаде не викам дека и новиарите не се за ќутек. Само не доликува на лидери на генерација така да се однесуваат. Фрацузине ги утепаа казување своите фудбалери кога реагираа дрско на новинарите. Што не се бунеа кога ги фалеа по весници, иако утакмиците кои ги играа, кој ги гледал знае дека нашите реперзентативци биле најлоши на теренот (ова не важи само за кошаркарите, туку за сите интернационални спортисти)

      Delete
  7. decko spomnuvas za porazot vo Atalanta pa od USA koj bilo decki od koledz da gi soberes ke ne izbusat ko svicarsko sirenje osven od mekejleb pospremni se od bilo koj nas reprezentativec

    ReplyDelete
  8. Ние го имавме Тод Зафировски или како и да се вика дечкото од Дјук. Од она што ми кажаа што го виделе, дечкото не би можел да се избори за резерва во најслабата македонска екипа, а играл во елитен колеџ...муабетот беше дека и од нив сме примиле 100 коша. Од екипа која игра во натпреварување во кое просек на поени е 65

    ReplyDelete
    Replies
    1. TOD ZAFIROVSKI NE IGRA VO DJUK ODNOSNO IGRA AMA NE VLEGUVA VO IGRA, ZNACI GREE KLUPA, DALI 10 MIN SE NA SE IGRAL ZA DJUK. I TOCNO E TOA DEKA SEKOJ STANDARDEN PRVOTIMEC OD TIE KOLEDZI E POSPREMEN OD CELA NASA REPREZENTACIJA, OSVEN BO MCCALEBB. AKO NE ZNAES NESTO DO KRAJ NE TVRDI I NE NOSI ZAKLUCOCI...
      P.S. BRAVO ZA KOLUMNATA

      Delete
  9. KFM e krivo, a ne toj popot sto go zboris!

    ReplyDelete
  10. Drugar,sekoja chest za statijava i analizava, Bravo`s

    ReplyDelete
  11. abe vo pravo e avtorot, do koga be vaka ke se raduvate na porazi be zivotinji edni nevospitani mamu vi ebam da vi ebam. do koga be majmuni ke ni ja vodat kosarkata a voedno i ke si igraat so nasive cuvstva i emocii. nikogas ne mi bilo poveke maka kako sto mi bese sega so kosarkava.

    ReplyDelete
  12. Bravo vakvi da bea novinarite moze nesto ke bese i dobro.

    ReplyDelete
  13. Додека такви тимови МЗТ освајаат титули кај нас, вака ќе биде.....

    ReplyDelete
    Replies
    1. Кога Работнички освојуваше, Македонија играше во Б дивизија. Кога Мзт освои титула, репрезентацијата 9 месеци претходно заврши 4та во Европа и се бореше за олимпијада. Е јебига, бош муабет направи

      Delete
    2. MZT koga osvoi titula, mesec dena potoa ne sjeba Angola. Taka da ne si ja vrti vodata na vodenicata koja ti odgovara.
      Tie sto ne natskokaa vo tvojata statija, ne go nadskokaa samo Pero, tuku i "Metalcite" Gecho i Stanko.
      Bashka nemoj u nacionalni muabeti da gi uvlekues MZT i Rabotnicki. Go seres muabetot.
      I mnogu vregjas i pcues. Sve drugo e ok

      Delete
    3. Одговорот ми беше на коментарот дека кошарката паднала и затоа Мзт освоил титула. Претхондата сезона беше може најсилната сезона во последниве 10тина години, а некој почна да го сере муабетот, јас само ги посочив фактите. Верувај дека не е многу вреѓање и пцуење, да го пишував текстот после Доминикана...е тогаш ќе имаше многу пцовки(но секако за вкус не се збори, може за некој е многу навредлив, а за некој да е благ)...а за Тоше и Станко апсолутно се сложувам, што е повторно вина на тој што ги ставил во игра :)

      Delete
    4. ok vkusot e licna rabota, baska blog e ova, pa aj nekako ke progutaat i tie sto im e nameneto. Ama u sekoj slucaj, dosta e ok analizata, privlece interes na mnogu lugje, i temata e Makedonija kako reprezentacija... zatoa mislam deka ne e ok da e pro-MZT ili obratno. Edno ne nervira nas sto ne sme plavi (a site sme si za reprezentacija). Drugo, pa ne e deka preku nokj se stvorija ovie igraci. Za dobar del od niv, Rabotnicki e zasluzen vo procesot na nivnoto formiranje kako igraci...

      Delete
  14. Prijatelcinja ne se nervirajte. Ednostavno izgleda ke treba da se pomirime so situacijata. Makedonecot znae se, samo za nego sto e najdobro ne znae. Dojde ogromna sansa, vekje nikogas nema da ja ima, a KFM namesto da zasuka rukavi i po sekoja cena go zadrzi Marin (covekot spored mene najzasluzen za plasmanot na Evropskoto) ili pak odvoi sredstva za da se donese saglam trener, oni ne, ke ideme so Marjan Lazovski. Za sramota. A reprezentativcite moze da se lutat kolku sakaat. NIeden sportist, NIKOGAS, ne bil plukan, bez razlika na rezultatot, dokolku ostavil srce na teren za Makedonija. Prijatele, koj i da si, so tekstot si pogodil mnogu blisku do vistinata. Pozdrav

    ReplyDelete
  15. Si patime od poltroni i ebani srebroljubci. Pa i nesposoben da e ako e od Familijata daj malku da macne od kajmakot, a nie ke dozivuvame nervni slomovi od site triler utakmici sto ni gi prireduvaat.

    ReplyDelete
  16. Dzevetorinja !!!! Sekoja cest, ova ti e strucno opisuvanje vo parodija, pa istotaka mojs da ojs da im go ponudis ova na nekoj od reziserive da naprat edna komedija, aj ke se isturime smeenje ke si zejs i nekoja para. SEKOJA CEST !!!

    ReplyDelete
  17. bravo druze, iskreno i tocno kazano, sekoja cest. A luzerite kako Pero i toj selektorot sto ne mu go znaeme ni imeto neka se gonat u kurac

    ReplyDelete
  18. Едно големо браво за статијата. Промената на стручниот штаб во нестручен си го направи своето. Можам да се пофалам дека бев сведок на победата над Грција во Алитус. Отидов со голема радост и желба за победа а тоа го почуствував и кај нашите репрезентативци. Атмосферата се градеше и се уживаше. Овој нестручен тим како што многу добро го квалификуваш успеа да ја уништи желбата за победа во репрезентацијата. Па добро во Литванија на ниедна партија не се откажавме - овде од +20 губиме -10 и никому ништо. А да, кошот е крив.

    ReplyDelete
  19. Stvarno ako vo nesto najdov uteha vo poslednava nedela toa e tekstot sto go napisal covekot! 100 % te podrzuvam i se soglasuvam so tebe! Vo momentite koga pocna da se topi prednosta na Makedonija protiv dominicana se molev samo da moze laki mazovski da dobie nekoja suspenzija i da go trgnat od parket za da ja zadrzime prednosta! Najobicen serko da bese ke svatese deka dovolno bese samo so dolgi napadi i na 3-4 sekundi do kraj da se proba da se poentira ke go dobievme nasit najbiten natprevar! Se nadevam deka KFM konecno ke se vrazumi i konecno ke dodje do adekvaten selektor koj ke ima autoritet sprema sekoj

    ReplyDelete