Friday, December 14, 2012

Клизачи Ретроспектива - Чело


Ова е мој прв литературен обид да ги доловам интересните спортски настани од минатите 7 дена. Се надевам ќе има и такви на кои ќе им се допадне, па ќе прерасне во една традиција. Цугнав, 3-4 ракии, да разбијам трема... нек се угоде првачето мое...

МЕСИ

Главен спортски настан оваа недела е рушењето на рекордот на бројот на постигнати голови во една каледнарска година. Меси најпрвин го совлада рекордот со двата гола против Бетис, а потоа и си го поправи сопствениот рекорд со уште два комада во купот. Со тоа Меси дојде до бројката од 88 гола, што во споредба би дошло 30 гола повеќе од Ливерпул и за 30-40 гола повеќе од цела наша фудбалска лига за истиот тој период.

ФАЛКАО

Фалкао, можеби најдобриот шпиц играч во овој момент, иако засенет од рекордот на Меси, збрчи 5 на една утакмица. Дечкото е луд. Неговата цена на пазарот за 2 години е порасната за преку 500%. Фалкао сепак треба да му биде најмногу благодарен, не на сегашниот тренер, Симеоне, ниту пак напретходниот во Порто, Вилаш Боаш....тој треба да му е најмногу благодарен на тренерот на Сандерленд, Мартин О`Нил кој пред 3 години наместо Фалкао, во Астон Вила за истите пари го донесе Емил Хески. Ефектот им е сличен, Фалкао по пет комада на утакмица, а овој сеуште го очекува петтиот гол во кариерата.

КРАЈ НА СВЕТ

Како уште еден доказ дека крајот на светот ни се ближи се победите на Ливерпул на гости и постигнувањето на 3 гола без Суарез на теренот, и на Челзи на чело со Бенитез исто така на гости. Според досегашната анализа, ништо чудно тоа да му беше прва победа на Бенитез на гостински терен во кариерата. Уште еден факт дека крајот е тука е тоа што, Торес даде 5-6 гола на последните 3 утакмици.

ЖЕРВИЊО

Како тргна Торес со постигнувањето на головите, мислев дека ќе бидам приморан да го затворам блогот. Таман со тешко срце се одлучив на тој чекор, улета Жервињо, and the rest is history.



После ова промашување на Челото, дури ни родениот татко неможеше да издржи. На негова среќа блиску беше метрото и непосредно по ова промашување е фотографиран како се враќа накај дома.



Иако Арсенал играше со прв состав и просечните неделни примања на играчите се за 59.300 фунти повисоки од оние на Братфорд, екипата од која испаднаа во купот, за Жервињо не беше се така црно. Имено Проктер и Гембл ја лансираа новата линија на шампони “Forehead & Shoulders„ и за заштитно чело го избраа токму Жервињо. 




Жервињо, покрај фудбалот, е познат и по неколку други работи, на пример по својата втора страст, музиката. Тој свири во националната филхармонија на Брегот на Слоновата Коска, на инструментот ЧЕЛО. Но, сепак неговата космичка популарност не е ниту по фудбалот, ниту по музиката, туку поради блиската роднинска врска со Зоки Фаци. за крај уште една анегдота поврзана со истите...кога биле мали, кога ќе кренеле температура, баба им ги користела нивните чела, како би си ги испеглала алиштата.

АвтоголИШТЕ

Брајан Вилсон од Колчестер, авторот на ова ремек дело кое ни девојчињата во трето одделение кога играа против нас неможеа да го направат. До душа имаше пар машки што можеа, но тоа е друга тема, не сакам да бидам етикетиран ко хомофоб




РАКОМЕТАРКИТЕ

Незнам што толку им се закатанчија на нашите ракометарки, катастрофа биле, вакви биле онакви биле. Алооооо луѓе средете се, со 0 бодови отидоа, со 0 се вратија. НА СВОЕ СМЕ! Туѓо не бараме, свое не даваме!

КОПА СУДАМЕРИКАНА

Финалниот натпревар од Копа Судамерикана помеѓу Сао Паоло и Тигре заврши неславно. По водството на Сао Паоло од 2:0 на полувремето, натпреварот заврши. Имено, гостите од Аргентина се решија да го следат храбриот потег на Шакири и Шкендија... а видиш дека немаш шанси да победиш, откажи се. Во духот на спортот.

Целосниот текст со видео може да се ѕирне на Offside

ЛЕЈКЕРС

Од извори блиски до MakNBA дознаваме: Ексклузивно за #МакНБА, Мич Купчак открива дека ЛОЛ Анџелес Лејкерс сериозно размислуваат да ја напуштат НБА и да се приклучат кон Јадранската лига.

Клизачи смета дека оваа одлука е донесена од поривот „Цело е кога има се„ а бидејќи Лејкерс не загубија уште од Унгарски Шолнок сезонава, ништо чудно тоа да им е целта за влез во Јадранот.

Крис Хамфрис

Кај Ким Кардашиан го шутна, па и судивчево се обиде да му залепи бананче. Пусти Крис, се на погрешната страна од вестите е. Олеснителна околност, еден од ретките кој може да си дозволи да си купи телевизор поголем од гзот на Ким.






FAMILY AERODROM

И покрај забраната за гостување во Јадранската лига, група болесници по Мзт Скопје, отидоа на гостување на најжешкиот кошаркарски терен во Европа, ако не и во светот. Не само што отидоа, туку и се слушаа на ТВ. Секоја чест момци!

TWITTER

Можеби не се поврзани со спорт директно, но од оние 5% од твитовите што ги прочитав неделава, овие ми го задржаа вниманието:




КЛИЗАЧИ НА Facebook

посетете не и на фејсбук: http://www.facebook.com/Klizaci

Tuesday, December 11, 2012

Наследниците на Зидан


Многу луѓе се огледуваат на своите идоли. Не случај само мали деца, туку има и стари магариња кои сакаат да станат како својот идол. Тие по секоја цена сакаат да ги копираат заштитните потези на своите идоли. Ова е видео направено во чест на наследниците на големиот Зинедин Зидан.



Wednesday, November 28, 2012

Ален Халиловиќ - новиот Меси или новиот Џилардињо?


Ален Халиловиќ со талентот кој го поседува, можеби и со право му дадоа етикета хрватскиот Меси, но...според тоа како глуми, Клизачи смета дека наместо новиот Меси, подобро би му стоело новиот Инзаги, Џилардињо, Суарез, Бускец



Monday, November 26, 2012

Не е калаш


Во исчекување на официјална информација од ЕУ, НАТО, УСА, Албанскиот политички блок и нашето МВР, што е всушност тоа, а НЕ Е КАЛАШ, на твитер се разврза дискусија со голем број претпоставки, што е всушност тоа на сликата што го држи еден од македонските ендемски видови кој ништо чудно да стане и амбасадор, најверојатно во НАТО. Еве некои твитови кои ми фатија око:



















 










Friday, November 23, 2012

Платите на фудбалерите на Ливерпул


Листа на играчите на Ливерпул и нивните неделни плати. Само 240.000 фунти неделно за Џо Кол, Даунинг и Хендерсон. За овие бедни примања, како очекуваат луѓето овие играчи да играат добро не ми е јасно. Стисната управа, стиснати резултати!

1. Steven Gerrard - £120.000 
2. Luis Suárez - £100.000 
3. Pepe Reina - £90.000 
4. Joe Cole - £90.000 
5. Jamie Carragher - £85.000 
6. Stewart Downing - £80.000 
7. Glen Johnson - £80.000 
8. Jordan Henderson - £70.000 
9. Martin Skrtel - £70.000 
10. Daniel Agger - £70.000 
11. Lucas Leiva - £65.000 
12. Nuri Sahin - £91.000, Liverpool pay £64.000. 
13. José Enrique - £55.000 
14. Doni - £50.000 
15. Joe Allen - £45.000 
16. Fabio Borini - £30.000 
17. Seba Coates - £29.000 
18. Oussuma Assaidi - £21.000 
19. Danny Wilson - £20.000 
20. Brad Jones - £20.000 
21. Jonjo Shelvey - £18.000 
22. Martin Kelly - £15.000 
23. Suso - £10.000 
24. Dani Pacheco - £7.000 
25. Raheem Sterling - £5.000

За споредба, од играчите на Њукасл, само Колочини може да влезе во први 10. Сите други се во под 15-тото место.

Thursday, November 22, 2012

И од нашите фудбалери сепак можело да се научи нешто


При спомнувањето на Латинска Америка првата асоцијација што голем број на луѓе ја добиваат е или фудбал или дрога, во зависност, нели, од зависноста на индивидуата. Зборувајќи од фудбалска гледна точка, латино-американците во фудбалот се она што се американците во кошарка или пак балканците во местење...со други зборови тие се поим. Со оглед на состојбата во нашиот фудбал кој би рекол дека една земја како Аргентина, лулката на голем број играчи од светска класа, Марадона, Меси, Каниџа, Батистута,  Занети, Гутиерес и остали, би имала фудбалери кои за свои role models би ги земале Капинковски, Клинчаровски, Љутви, Рањо, Прескакулев, Азизи...Само да чујам некој да рече дека аргентинскиот фудбал нема што да научи од нашиот!


Wednesday, November 14, 2012

Револуционерно откритие: Можело и центаршут од линијата за слободни фрлања


Играчот на Голден Стејт, Биердинс дојде до револуционерно откритие...шутот кон кошот не е единствената опција при изведување на слободни фрлања...имено, тој покажа дека од таа позиција може да се испрати и центаршут


Tuesday, November 13, 2012

Клуб за кој ќе дадам се...

Цевитана....зашто Цедевита е за пички

Како почна:




А како заврши:


Friday, November 9, 2012

Смртниот поглед на Коби дели откази




Коби со својот смртен поглед му пресуди на Мајк Браун, еден од тројцата кошаркарски тренери кои се послаби од Маријан Србиновски....но, имаше и среќа...среќа што не му беше Маки Лазовски тренер иначе очи ќе му испаднеа од гледање за џабе

Tuesday, October 9, 2012

You'll never DIVE alone


Со доаѓањето на зублето во Ливерпул, мотото You'll Never Walk Alone, беше променето во You'never Dive Alone.



Иако на прв поглед изгледаше дека Суарез сакаше да одглуми пенал...



...а всушност Вајат Ерп го сопна со неговото ласо, како што може да се види од другиот агол


Рагби клизачи, но тотално нерезонски што е направен врз Даунинг


Играчот на Удинезе, Пинци направи рагби старт соборувајќи го Даунинг во налетот. Но, скоро недела дена после стартот, фудбалските аналитичари неможат да разберат зашто беше потребен овој нерезеонски старт кога се има во предвид ефикасноста на Даунинг во нападот и бројот на асистенции во дресот на Ливерпул, каде дури 9 голмани минатата сезона имаа повеќе асистенции од него, а дури 40 имаа ист број на асистенции колку Даунинг...точно нула


Дедо му на Величе во сцена од филмот Трето полувреме


Хит на денот денеска е сликата која ја објави on.net.mk , а која ја пренесе и пародија профилот на омилениот ни фудбалер, Величе Шушумиговски.

Сликата е всушност фотографија од една сцена на македонскиот хит номиниран за оскар, Трето Полувреме, каде се гледа дека крушата не паѓа подалеку од круша, т.е колку Величе си личи на дедо си.




Monday, October 8, 2012

Изгледа да че бити курац


Изгледа да че бити курац го...односно корнер...со една реченица успеа да каже две точни работи, дека курац че бити гол и дека ќе биде корнер...најверојатно после утакмицата, најсигурно тврдење било „изгледа да че бити отказ„

Старо ама добро :)

Thursday, August 9, 2012

Алкохолен допинг: Обид да се пркоси на гравитацијата


Во светот постои култ кој верува дека после литро-два ракија може да и се пркоси на гравитацијата. Некои од овие ентузијасти навистина успеваат во таа намера. Сето тоа е резултат на напорен тренинг. Додека пак, оние другите, сеуште ненавежбани сакаат да бидат како своите идоли, но патот кон успехот е трнлив и исполнет со солзи...солзи од смеа на среќниците кои ја имале таа ретка можност со свои очи (и камери) да го просведочат и да го пренесат тоа сведоштво на идните поколенија.




Отепа ли се тате?


Една од најзабавните глетки во светот на сеирот е кога на некој ќе му претрча бандера, врата, прозор или друг статички објект. Секоја чест на чистачите на прозорите без чија одлична работа ова видео ќе беше штуро

Tuesday, August 7, 2012

Олимпијада: Отепа ли се бато?


Конечно си најдов партнер за да можам да се натпреварувам во синхронизирано скокање во базени. Следната олимпијада и ние ќе имаме коњ за трка, па нека дојдат кои сакаат кинези да пробаат да не победат со синхронизиран ваков скок!


Колку PES 2013 е реална?


Слушнав дека PES 2013 ја направиле толку многу нерелана што дури можеш да ја освоиш Премиер Лигата со Ливерпул

Кирил Кироски I heard that pes 2013 is so fake that you can score with stewart downing.


 да ама затоа е толку реална што на пример играш со Робен и стегаш на додавање и не додава

Friday, July 13, 2012

Ни је вотка ракија...или може е


Бајага ги опеа ефектите од конзумацијата на двата пијалока во песната Руски воз, но дечково очигледно ја сфатил премногу сериозно пораката на песната, па кај проба да направи руски воз на тарзанката, па мислеше дека вотката може да ти даде сила слична на ракијата...


ПС Е ова се другари...толку слатко му се смееа, кога би ги слушал нив како се смеат, би се насмеал и на некоја шега на Весна Бејбе или Јофе

Smile if you...


Чоечево си има разработено тактика како да ви извлече одговор без да ве праша


Thursday, July 12, 2012

Има ли пилот во авионот? Дел 3: Македонска кошаркарска репрезентација


Ако треба со еден збор да се опише нашава авантура кон Лондон, тоа би било баш со зборот пародија.

Имавме златна шанса да ја осетиме олимпијадатада, ама...ја прокоцкавме. Не ние туку попот што ни ја води кошарката. Македонија може да му биде благодарна на Чавез што понуди повеќе пари од тоа што ние планиравме да го организираме квалификациониот турнир. Вака си заштедивме 2-3 милиона и ќе можеме да си ги искористиме во некои нови споменици... а и дома да игравме немаше да се квалификуваме. Тука можеби кошевите немаше да бидат искривени, али гарант баскетот ќе ни беше јајце.

Како всушност Македонија се откажа од олимпискиот сон?

Оние кои не се замараат многу со кошаркава мислат дека Македонија го испушти параходот кон Лондон во третата четвртина против Доминикана, но оние кои бар малку подетално ја следат нашата кошарка беа свесни дека Македонија го имаше кренато белото знаменце многу пред да се отпатува кон Венецуела. Тоа беше во оној момент кога попот реши да го состави стручниот штаб. Имено горе споменатиот владика на кошарката, избра за селектор човек кој имаше цела една  победа од 10 утакмици во Суперлигата, а за негови помошници ги именуваше

**Помошник селектор – исто како и селекторот со 10% ефект на победи во суперлигата, додека на почетокот сезоната ја започна во 14 кратниот првак на Македонија, во онаа екипа од која беше набркан ко џукела 6-7 месеци претходо поради катастрофални резултати. Е оваа сезона таа незналица ја започна сезоната во неверојатен стил, во стил на Душко Вујошевиќ...само ова дрво и Душко можеа да имаат 0-7, едниов со Работнички, другиот со ЦСКА Москва...но на Душко му се прашта, ЦСКА и не е некој гигант во кошаркава. По втор пат набркан од ист клуб за период од пола година, исфорсиран и со чудни и нејасни притисоци издејствува играчите да му се свртат против Боби Петровски и да го избркаат од Торус. Во тој момент, од конкурент за титулата Торус само му ја исчисти патот на Мзт Скопје...фала му.

**Скаут – или кошаркарски зналац кој треба да ги гледа идните противници, да ги наоѓа нивните маани и да поставува против игра...е сега и ваков ли ни треба? Лесно ќе беше да имавме некој Боби Митев, ама што малер се погодивме, место дечкото да се роди во Македонија, тој канаѓанин се погоди...а и што ќе ни таков познавач, кога овие двајцава погоре споменатите тренеришта имаа комбинирано 2 победи во цела суперлига, и тоа кога се победија еден против друг? Нас не ни беше проблем поставувањето против игра, нас ни беше проблем англискиот, кој ли ќе му зборува на Бо МекЏордан. Е тука немаше дилеми. Го имаа слушнато дека знае 2-3 фрази од типот на “Say hello to my little friend” “You talking to me” “I’ll be back” и ги кажува со добар акцент, а и штотуку женет па си рекоа да му направат услуга, да избега од жена си, го земаа со нив. И самите знаеа дека со нив нема да се квалификуваме, па бар да прошетаат уште еден од нивниот калибар зналци...хумано од нивна страна, иначе кога би ја видел Венецуела друг пат.

Владиката на кошарката во сите 30 интервјуа беше убеден дека ќе се пласираме на Олимпијада. Или не лажеше или нема поима од кошарка па го склопи стручниот штаб од луѓе што знаат кошарка ко Накова англиски. А пошто е поп и не лаже, значи....

Имаме генерација која заврши 4та во Европа, играчи кои имаа одлични сезони, МекЏордан најдобар играч во Италија и еден од најдобрите во Евролига, играч кој заслужува да му се крене споменик....драг премиере, место да ставате споменици од бугари, ставете еден споменик од МекКејлеб, поголем македонец испадна и од вас и од оние со приватизацијата заедно. Тука е Перо Антиќ, прва петорка во Европскиот шампион. Војдан еден од најдобрите во Украинското првенство. Тоше рибарот, најдобар играч во Македонското првенство...златна генерација која со одлуката Лаки Мазовски да ја води, златаната шанса ја зарѓавте, рѓа да ве облее, маму ви ебам неспособна.
               
Пријателските во принцип не се за коментирање, али од група средношколци од Аталнта ние примаме 100 коша и губиме, па и на закоравените оптимисти почнаа со доза на скептицизам да гледаат на очекуваниот успех, успех кој попот заедно со нестручниот штаб и играчите упорно пробуваа да го влеат во потсвеста на секој од нас. Десната рака на попот, попадијата што доаѓаше како ко-кометатор на преносите на пријатеслките, на сите утакмци го отече со изјавата дека не е битен резултатот, ама се посрааа ко нилски коњи кога на пријателска ја тепавме Литванија.

Стигнавме во Венецуела, прва утакмица, Ангола. Светска велесила. Екипа составена од 12 играчи кои играат во НБА лигата...да да, во НБА лигата, National Basketball of Angola. Примаме 32 коша во прва четвртина, а нашиот нестручен штаб, првиот тајм аут го бара, на 5 секунди до крај на четвртината и тоа не дека не силуваа, туку во тие 5 секунди чиниш Лаки Мазовски има акција на која и Пет Рајли може да подзавиди. Ангола имаше само 3 играчи над 2 метра, од кој едниот излезе со 5 фаули. Таа Ангола имаше 15тина скока повеќе од нас, имаше повеќе офанзивни скокови него што ние имавме дефанзивни. Ама нестручниот штаб наместо играчот кој беше наше најсилно оружје и кој ја намали разликата од -20 на -2, Самарџиски да го остави во игра, тој на две минути до крај го стави Тоше. Тоше секоја ти чест што си дал за репрезентацијава, ама овој турнир џабе те измачија, а и ти нас. Нормално, изгубивме, а на -4 на 2 минути до крај, „високите„ играчи на Ангола ни направија 4 офанзивни скока и на крај ни дадоа кош. Лаки Мазовски ја обвини ФИБА овој пат. Како тоа на Ангола им дозволија да играат со 12 црнци, а нас ни дозволија само еден. Додека течеше натпреварот, тој си замислуваше како би било да има 5 МекКејлеба...сигурно затоа и небеше нешто многу растревожен. Но, после поразот, вложија жалба до Фиба и најверојатно утакмицата ќе се преигра за време на квалификациите за Параолимпијадата.

После овој пораз, успеавме да го тепаме племето индијанци од Аустралија и на 20 разлика, наместо да ги одмораме нашите клучни играчи, нестручниот штаб играше со првата петорка до 1:06 до крајот на утакмицата. Нов Зеланд имаше преку 25 загубени топки, од кои сигурно 10 пати направија грешка во чекори. Тој Нов Зеланд е можеби најслабата екипа која некогаш ја имав гледано во мојот живот, а сум гледал многу Соколи, Ултимејт Баскети, Овчи Полиња, Работнички....Го победивме Нов Зеланд со 22 разлика и влеговме во четвртфиналето. Сите поомирени дека Русија ќе ни биде следниот противник, зашто бевме сите убедени дека Нов Зеланд неможе ни женската екипа на Бигор Скопје да ја победи, а не па гигантот Ангола кој нас ни даде 90 коша.

На големо изненадување, екипата која против нас шутирање 9/12 за тројка и ни даде 32 коша за една четвртина, на Нов Зеланд им даде 26 коша цело прво полувреме. Што направи Нов Зеланд, високите играчи искакаа на блоковите и не им дозволуваа лесни шутеви. Нашиот нестручен штаб знаеше дека така може да ги спречи Ангола, но несакаше да си ја оддаде тактиката за следното Европско првенство, а притоа знаеше дека Нов Зеланд ќе ја тепа Ангола и ќе ни ги намести коцките за да ја избегнеме Русија, која не дека немаше да ја тепаме, али браќа словени, да не ги елиминираме.

Грција губи од Нигерија, и цела Македонија во еуфорија, битно циганите испаднаа. Никој не гледа во својот двор. Сите портали ја објавија веста за испаѓањето на Грција како најголема радост. Сител, Канал 5, Наша ТВ, МТВ пуштија вонредни вести за македончето да се израдува на туѓ пораз, а не на својата победа. Вечер и Дневник излегоа со вонредни броеви, а на секој семафор можеше да слушне, Грција испадна,го лапнаа црнечкит, read all about it. Почна да се спрема пречек на нигериските кошаркари на триумфалната порта, веќе ништо не му беше битно на нашиот народ, важно Циганија испадна...не е народот искомплексиран, не е.

Два саати покасно, поточно во второ полувреме, на нашата утакмица против Доминикана, почнавме да искакаме многу високо на пик анд рол, а овие со семи-поп тотално ни ја разбија одбраната. Нашите бекови иако до таа кобна трета четвртина немаа ниеден фаул, ниеднаш не фаулираа да ја спречат таа брза транзиција од која примивме може 20тина коша во таа четвртина. Кај нас центрите шутираат, а бековите одат на офанзивен. Брзиве доминиканци ја искористија инертноста во враќањето назад на нашите и поставувањето одбрана и ни го скинаа гзот. Скок играта под својот кош криминал. Нападот да не зборам колку беше едноврстен. Ако не шутираме тројки, тогаш ја спуштаме на центар кој игра преку средина и лесно се згужвуваше противничката одбрана. Можеби требаше по челна линија да ја прима за да пасивната страна остане слободна па со две брзи додавања да се создадеше слободна позиција за шут. Исто морам да го спомнам и Илиевски како еден од послабите играчи на утакмицата. Можеби даде 15тина кошеви, ама дечкото и кога губиме игра спора кошарка, сега на +20 почна да рога на 20 секунди до крај на нашиот напад.

...и така си ги чекиравме картите и си се вративме назад заедно со Грците.

Вчера гледам прес конференција имало и нешто се наљутиле нашиве кошаркари. Ау ма немој сте се истетовирале по цело тело, 2 и 10 високи животињи, а ко пички бегате од незгодни прашања. Па и новинарите ви се криви на крај. И се криви, реално. Наместо да исплукаат кога заслужувате, ве бранеа по секоја цена и ретко кој се нафати да ве критикува, иако имаше простор за критика колку сакаш. Се навикнавте да ве тинтраат ко барбики, можеби и затоа и што сте. Немате муда да излезете во јавноста и да одговорите на неколку прашања. Исто ко што немавте муда да се спротивставите на попот кога го состави овој нестручн штаб. Со премочувањето на поставувањето на незналицата за селектор, вие исто така сносите огромна вина. Можевте да се буните кога беше Арсиќ селектор, да одбивате да играте, а сега кога имавме златна шанса да играме на Олимпијада, преќутевте поставување на стручен штаб кој знае помалку кошарка и од Мирсад Јонуз. Самите си сносите вина за тоа!

Вчера, не само јас, туку цела македонска јавност очекуваше оставка, најмалку на селекторот поради фамилијарни причини...сепак после Доминикана цела Македонија и се изнаеба на жена му. Наместо оставка, тој кажува дека левиот кош бил крив!!! Ова не е заебанција, не е скеч или скриена камера! Ние имаме селектор кој како оправдување го даде тоа што едниот кош бил крив. Русија се пласираше зашто и кај нив во лигата играат на криви кошеви, а ние дека сме светлосни години пред нив, не ни одговараше. Јајце баскетите како оправдување ќе ги чуваме како џокер за Европско. Браво Лаки Мазовски, уште и кур си играш со нас, копиле едно бедно!

На нашиот капитен криви му биле новинарите. Точно голем дел се неписмени исто ко нашиот нестручен штаб, али додека тие го величеа дека играл одлично, а тој кутриот, во Олимпиакос на дотичната утакмица  10 минути, 2 скока и 0/4 шут за три поени, тогаш му беа добри? Да, сите не интересира дали МекКејлеб ќе игра уште за нас или не. Тоа е најбитното нешто за макбаскетот. Не си ни ти битен, ни попот, ни попадијата ни Лаки Мазовски и неговите суртуци!

Кога завршивме четврти, попот и попадиите си го припишаа успехот на свое име, демек добро ја воделе кошарката. Сва среќа што се најде Вујошевиќ што ви го подари МекКејлеб. Заблагодарете се и на претседателот на Црногорската федерација што  е добар приајтел со Омар Кук и наместо да го земат Бо, решија да го задржат него. Ни тоа не е ваша добро сработена работа, ама не пропуштате да си го припишете во успесите. Откога сте дојдени на чело на федерацијата, една сезона не помина, а бар една екипа да не се откаже. Глумевте ко да имате учинок ко МекКејлеб на првенството, главна ѕвезда станавте ти и ретардираниот ти секретар, а сега после крахот во Венецуела, никој не презема одговорност, па за главен виновник го набедивте КОШОТ КРИВ. Иако гарантиравте пласман на олимпијада, ништо не презедовте после дебаклот....успех било и ова...Не! Не е успех ова, оваа генерација има многу повеќе потенцијал, но вие со ставањето на ваков нестручен штаб ја уништивте атмосферата во екипата, само Бо покажа емоција цел турнир...можеби зашто не го ни разбираше Лаки Мазовки што збори.

Фала ти Попе што наместо да ги гледаме олимписките кругови со Перо Антиќ како знаменосец, ти ни сервираше олимписки курови, кур да те утепа, стоко преварантска.

Некој прашува зашто луѓево се толку гневни на непласирањето наше... па како не би бил гневни кога попот и неговиот пајташ ни ја земаа единствената шанса да ја гледаме кошаркарската репрезентација на вака престижно натреварување како Олимпијадата. Него го боли цеф, он си е поп, ќе живее 500 години, ќе има он уште шанси...а ние....ние ќе си поцкркаме од мака што пропуштивме ваква шанса.


Wednesday, July 11, 2012

Ариел Болд, Италик и Блек


За сите оние кои со нетрпение ги очекуваа, конечно папараците успеаа да ги уловат и да ги преставата како изгледаат и преостанатите три Ариела.... Ариел Болд, Италик и Блек


Портокалова тревога - Топло е надвор


Доколку не ги почитувате инструкциите на владата за Портоклавота тревога ќе ви се задеси ова...и се би било во ред доколку не ве пречека дома пченка трол


Видео објаснување за терминот: Се сопна од линијата

Можеби сте го слушнале до сега терминот „Се сопна од линијата„ кој често се користи кога играчот се движи со помош на диреци наместо нозе. Овој термин, поради очигледни причини, е многу популарен во термините кога игра македонската репрезентација.


Но, од линијата не се сопнуваат само македонските репрезентативци...како доказ за тоа е и чичево, но со оглед на тоа што е русин, најверојатната причина за сопнувањето не се нозете-диреци, него испиената кубикажа вотка...бар фудбалерите останаа прибрани на химната и не му се изнасмеаа...


Tuesday, July 10, 2012

Remi Galliard - животиња во најдобрата смисла на зборот

Знам дека ги мењавам блог сервериве ко Филип Петровски ставовите кон ВМРО, али кога него му успева и после се да биде директор, не гледам зашто не би ми успеало и мене.

Како пробен балон денес го пуштам малу измрданиот Реми Гаљард или како и да се чита. Реми ти е типче кое сакам бидам кога ќе пораснам