Monday, November 7, 2016

Ноле Други (прв дел)

Колку ги погоди изјавата на Ноле дека не му е тенисот на прво место, швалерајот и тоа што го тргнал ланчето со крстот неговите најфанатични навивачи...Затоа нашиве тенисери не сакаат да бидат број еден, за да не им се случи ваков сеир кога ќе паднат на второ место...





 














А еве и некој излив на емоции:

Ljudi, razočarali ste me... Nije problem u ovim šalama u vezi sa drugim mestom, neke čak i nisu toliko loše, ali nadao sam se da će biti i mnogo više konstruktivnih predloga. Polet sa kojim sam pokrenuo ovo, zamenila je tuga.
Ne mogu i dalje da shvatim da Noleta više ne zanima tenis, da mu nije najbitniji. U trenucima kada Nadal i Fenerer nisu oni stari i kada mu je otvoren put da uzme 18 ili čak 20 grend slemova, Nole odustaje. Umesto da još 3-4 godine života posveti tenisu i uzme to GOAT priznanje koje svi toliko želimo, on je prestao ozbiljno da trenira... I onda još skinuo krst! Mislim da Novak ne shvata kako je sebičan prema nama.
Moram i da prekopiram jedan komentar sa B92, koji savršeno opisuje kako se mnogi od nas osećaju:
"Ljuta sam Nole na sebe sto sam te ovoliko zavolela..da bi mi udario samar na kukavicki nacin...I meni I svima koji smo te volelii bodrili sve ovo vreme. Porazi su sastavni deo zivota, losa igra...sve je to normalno. Ako mozes da kazes sta ti je? Molim te prestani vise da se foliras..I budi ono sto si bio ili idi u penziju. Patetika I laz nikom dobro nije donela...ako nisi sposoban da zivis realno onda nemoj daviti ljude sa glupostima. Sta.se desilo samo ti znas..ali nisi fer Nole..NISI!

Monday, March 2, 2015

А шта речи? Коју послуку порати?

Ицко успеа многу брзо да направи моќен тим, ако не и најмоќниот во историјата на домашното првенство, Курвите близначки, Дамјан, солидна комбинација на странци кои само го надополнуваа моќното трио и доминацијата во домашното првенство беше неизбежна....што по ѓаволите се случи потоа? Што му стана на човекот да сака се сам да прави? Да носи играчи, да бира тренери, да не дозволува да им биде раскинат договор на некои од шугиве затоа што ТОЈ сметал дека се еволигашки калибар.

Евидентно е дека Мзт Скопје го нема истиот буџет како и претходните сезони, но уште по очебијно е тоа што тој драстично помал буџет е потрошен на најлош можен начин. Мзт Скопје му даде месечна плата 5000 евра на Пабло Бустаманте, кој на припремите мораше да става камења во џеб за да не го дувне Развигорчето, одлучи дека Пудлицата Цвеле е евролигашки играч и дека мора да игра по 35 минути, дека Лучиќ е 3 класи подобар од Станкурва Чековски, дека путенцето Јончевски е дораснат да го води шампионот, да донесе црнец со глава колку таблата, иако на таа позиција имаме 11 играчи, а немаме ниеден плејмејкер....




Но, да почнеме со ред, Ицко се пресметува и си вика дека може да се стане шампион без домашни играчи. Не му требаат Курвите близначки, не му треба Дамјан, не му требаат, Трајковски, Караџовски, Богоев, можеме ние со Цвеле, Лучиќ и Маринковиќ. Потоа го носи Змаго Сагадин, човек на кој веќе кошарката му е дојдена преку глава, и со тоа што имаме мал буџет, па главниот ни наш му предлага да оваа сезона се концентрираме на младите....Прв тренинг Змаго ги собира младите „таленти„ и останува забезекнат и изјавува „Ова ви се талентите?!? Каде ли јас дојдов„

За АБА бевме свесни дека нема да може да се направи ништо посебно оваа сезона, ама никој не очекуваше во домашно првенство да ни се најебе кој стигне. Фени со комбинирани 200 години во први 5, не тепа два пати, Работнички не дроби, Кожув не тепа два пати, а имаме барем двојно поглем буџет од сите други...среќа бар што ги има Водњански Лисици, Гоце Делчев и Струмица во лигава.

После киксот на Змаго, на негово место доаѓа Врбица Стефанов, после 15-тина дена откако си поднесе оставка во младинската школа затоа што дечињата не го слушале...Еееееј моја управо, донесовте тренер кој неможеше да излезе на крај со разгалени дечишта, вие мислевте прв тим да води. Нејсе, Врба го искористи својот најголем адут, брзината, па брзо си го спакува куферот...и на негово место доаѓа помошникот тренер на овие двајцата, кој беше задолжен за тактиката на претходниците...и што очекувавте Вие драга управо, да се смени нешто? И тој брзо тргна по стапките на своите претходници  и триесетина други играчи, тргна по патот со облаците.

Некој што не е упатен ќе проба да ја бара најголемата грешка погоре во текстот, ама таа тек сега доаѓа....И се надевам дека некогаш ќе имам прилика да дознаам што им се вртело во главите на управата кога донесле одлука дека Лиглето е дораснат да биде прв тренер на трикратен шампион во низа....па тоа лигле да му ги дадеш најдобрите играчи во лигата во еден клуб и да игра во младинска лига нема да биде првак, не па да очекуваш од него да направи нешто посебно...Да му се посерам во партиската книшка која уште го држи на работно место иако не почасти со најголемиот срам во последниве 10 години...15 години чекавме да играме куп во наша сала, а тоа копиљчето педерско не испадна уште во полуфинале. Којзнае колку се радувал кога Работнички освоил...ние имавме тренер и 4 години помошник кој сеуште изјавува дека Работнички му е во срце и дека цел живот ќе навива за Работнички....Браво Ицко, знаеш и ти кој да поставиш...и после ќе се прашуваш зашто ти се Фемили гневни....гневи се затоа што дозволи Мзт Скопје да го води декларирано центарско педерче и не само што го води, туку и да му го нанесе најсрамниот пораз откако си ти дојден, и како награда за тоа, ти го остави уште да зема плата...На Мзт не му требаат нежни момчиња со розеви кошулчиња...

Станавме екипа за потсмев, Јончевски како помошник смени повеќе тренери оваа сезона, него еден просечен евролигашки помошник што мењава цела кариера.

Преплатените говеда

Александар Цветковиќ познат во кошаркарските кулоари како пувеж у гаќи...тапкачот кој ја има повеќе пати тапнато топката оваа сезона, отколку Стив Неш во целата негова кариера. Пувеж фолирант кој се понаша како Мзт Скопје да е на татко му, заедно со другар му Урош. Има направено 124 фаули оваа сезона, сите кој од кој поглуп и понепотребен. Играч, кој ниту еднаш нема додадено топка на соиграч во контра со цел да направат фаул врз него за да може да си даде некое кошче од слободни за да подобри статистика, пошто од игра може да даде само на Водњански Лисици на 50 разлика и да се стега ко да го решил Евролигашкото финале. Пудлица која на 3 разлика против Ѕвезда, на 5 секунди до крај иако имаше 2 слободни играчи на тројка, влезе да даде 2 поена, за да евентуално не дај Боже Мзт му ја победи неговата Ѕвезда и застане на патот на рушењето на рекордот...Пуленот на Ицко, пулен кој против јаки противници симулира дека е повреден или прави брзо фаули за да не го јебат играчи како Гордич и Укиќ...и играч кој во дефанзивните задачи може да го засени чак и статичниот Александар Костовски...е тој е играчот кој Ицко одреди да ни биде главен оваа сезона и се да се врти околу него, играч кој си зема слобода да оди против клубот со цел да се избрка тренерот кој им држел напорни тренинзи за негов вкус...пудлицата сака да шета, не е таа предодредена да биде тренирана.



Одма после него, другар му Луча, капитен на оваа банда без команда, нашиот центар кој е помалку во рекетот и од Мајмунчо Симиќ, центар кој има испалено највеќе тројки во тимот. Луча е еден интересен играч, играч кој ја држи целата кошаркарска публика во неизвесност дали ќе успее да даде кош по изиграна центарска игра, дали ќе постави еден блок како што треба и дали бар еднаш ќе успее да одбрани негов директен ривал под кошот. Ај да не се жалиме, бар скок играта му е на ниво, да не фатеше 30-тина скока последниве 4-5 утакмици, ќе останеше на просек од по 3 скока по утакмица. Но Луча не е лидер само на теренот, туку и надвор од него. Кога Боби Митев викна тајм-аут да му вика на Бубе Младеновски дека згрешил нешто, Луча позади грб на Бубе му прави „прц„  и се смеат и го дупат Бубе со Пудлицата...нема што КАПИТЕНОТ КАПИТЕНСКИ!



А спикерот во сала, пак, заљубен у него, како тинејџерка у Бекстрит бојс, на секој кош, било од игра, од слободни или пак само на загревање, не пропушта да викне "Лучиќ" во микрофонот...до толку е ситуацијата ескалирана, што во ситуациите кога капитенот имаше пост без кош од 20-тина минути, спикерот го извикуваше неговото име при некој од ретките скокови, изведување топка од страна или додавања кои цела сезона ги упатува само кон другар му Пувежот, Шеховиќ и Синовец.

Во низата катастрофални трансфер одлуки, ние потпишуваме Канаѓанец што играл у средно школо у Канада, кое е на ниво на нашата универзијада, и притоа со дискус хернија. Го потшишуваат со девизата, АЈ БЕ ЌЕ МУ ПОМИНЕ КО НА КУТРЕ.

Меѓу другите, оваа сезона во нашиот ни клуб продефилираа великани како Диксон, Моровиќ, Де Мјуинк, Зивчевиќ, ДИКОВСКИ и за дел од овие шупелки сеуште плаќаме пенали за раскин на договорите.

Домашни играчи

За играчи кои неможат да се изборат за минутажа кај 5 различни тренери, во ваков Мзт, не ни треба многу да се троши зборови, ама да не се навредат дека не биле спомнати ќе бидам краток, а за младите, доволно кажува реакцијата на Змаго Сагадин.

Самарџиски, од НБА потенцијал, до џебот на резревниот центар на Кожув...си има добра стратегија, направи си на брзинка 5 фаули, лапни си 15.000 евра без пот.

Кире Николовски, вечниот талент на Аеродром, дочека Бубе да биде избор пред него. Такво трпение ниедна публика со ниеден играч на светот немала. Секој друг играч со неговото залагање и перформанси ќе беше нарбкан со ластегарки од тимот...Кире многу им должиш на ФА, време е да ја оправдаш таа доверба.

Стаиќ, на моменти знае да заигра, на моменти, не може ни против Водњански

Бубе – најдобриот млад кошаркар во Македонија, дечко кој се јавувал по тренери и директори да не биде во тимот против Партизан, да не го јадел патот за џабе. Се каел зашто продолжил да игра кошарка, наместо да си завршел факултет на време. Играч кој прв се отпишал од листата на играчи во репрезентација кога Џикиќ го прашал што мисли кој не треба да игра...е тоа ни е иднината на македонската кошарка...но не го обвинувам само него, треба да се работи со него, да ја засака кошарката, чукањето ореви нема да му избега.

Симоновски – шут 0 од 65, ако ги исклучиме 3-те утакмици каде што беше одличен.

И така, Ицко даде 12.000 евра да го органзира купот, а Јончевски си ги почасти неговите трофеј во сред Аеродром...да имаше Работнички пари, сигурно и бонус ќе му исплатеше.

Ицко, ги имаше пред нос Караџовски и Трајковски, не само што се домашни и квалитетни играчи, не само што се класа за Пувежот и Лучиќ,  туку и противниците не ќе можеа да играат со полна концентрација против Мзт, затоа што ќе се плашеа за нивните часовници, новчаници и телефони во соблекувалната

Но, сепак има време да се поправи впечатокот, Алекс Мариќ и Карлос Аројо се слободни играчи во моментов чиј ангажман заедно со Меккејлеб сигурно би ни овозможил да се пласираме бар во плеј-офот. Се надевам Ицко ќе го направи вистинскиот потег, бар еднаш оваа сезона.

Оваа управа и играчите кои како мрсулави девојченца, без срце, душа и муда, успеаа да ги избркаат не само гледачите од сала, туку и нафанатичната публика во државава...луѓето доаѓаат да уживаат во кошарката и атмосферата која ја прави ФА, но неможеа да го издржат овој очобол на теренот, неможеа да издржат нивниот омилен клуб да биде силуван по 20-30 разлика утакмица по утакмица, а преплатените говеда да не се ни испотат за светиот дрес...ама битно на оние 5 утакмици кои победија оваа сезона не пропуштија да истраачт кај навивачите, за разлика од пичкарското поздравување на спротивниот крај од теренот кога губат.



Аеродром го боли срцето кога гледа вакви бездушници како го носат дресот...свесте се, додека сеуште има времеколку-толку да се спаси сезонава...свестете се...за Аеродром! За Фемили!

Thursday, February 5, 2015

Хески му е ментор

Со доаѓањето на Хески, многу од играчите на Болтон, ја прифатија неговата филозофија на фудбалот и ги применија неговите шутеви



Да се потсетиме како го тоа правеше мајсторот:

Tuesday, December 23, 2014

Сите среќни, само Миа Колучи тажна...

Тажна бидејќи Мзт Скопје го избрка младиот бунтовник Пабло Бустаманте.




од минус 20 до плус 1...превртување!!!

Чувството кога губиш 20 разлика на полувреме против тим 15 пати посилен од твојот и на 5 минути на крај кога заводуваш за прв пат...ПРЕВРТУВАЊЕ!!! Не битно што не победи Мзт, битно е што покажа карактер, желба и емоција...за прв пат оваа сезона





Friday, December 12, 2014

Женски фудбал

Вчера се разочарав гледајќи женски фудбал...немаше глумење, немаше расправање со судии, кошкања на прекини, симулирање пенали, неспортски потези....ЕБАТЕ ФУДБАЛОТ

МинусИнфо кој Раул е тоа?

Што ти се викај сајтиште...успеаа да земат интревју од доскорешниот најдобар стрелец во Лигата на Шампионите и тоа за неговото размислување за ракометната утакмица Металург - Вардар....е не ќе се заебааме...ПлусИнфо или МинусИнфо


Амкање на безбол

Го амка ко за Велигден



Wednesday, December 10, 2014